Top
Kako-zaveduvaat-horoskopskite-znaci-iLike-mk

Како заведуваат хороскопските знаци

Овенот е исклучително привлечен за околината, Близнаците се претерано сексипилни, Терезијата е вистински магнет за луѓето, а пак, Рибите се неодоливи.

ОВЕН
Овенот поседува авантуристички дух и долга листа на работи кои сака да ги искуси во животот, а секое нешто во него предизвикува огромна љубопитност. Ако Овенот ја исполни сета таа природна енергија и виталност тогаш станува исклучително привлечен за луѓето.

БИК
Со Бикот владее Венера и токму поради тоа тој е навистина сензуален. Важи за голем хедонист и сака сите негови сетила да бидат максимално задоволени. Кога има вкусна храна во негова близина Бикот станува безгрижен и секако, неодолив за луѓето околу себе.

БЛИЗНАЦИ
Близнаците се сексипилни додека учат, прекрасни кога читаат и неодоливи кога изнесуваат аргументи. Она што ги прави особено привлечни е нивниот интелект кој се разликува од другите. Сепак, и во покажувањето на интелигенцијата не треба да се претерува и да се тврди дека човек знае буквално сè. Тоа ни малку не е привлечно за луѓето од блиската околина.

РАК
Најголемиот проблем кај Ракот е неговата претерана сензбилност, тој мора да научи своите чувства да ги искажува на позитивен начин. Презема чекори само тогаш кога чувствата ги држи под контрола бидејќи емоциите него го збунуваат. Затоа се препорачува Ракот кога ќе чувствува емоции, да ги изрази преку некоја уметничка форма. Ракот е особено креативен и резултатите на неговата работа го прават атрактивен за другите.

ЛАВ
За Лавот е важно во својот настап да има малку театралност и истакнување на сопствените квалитети. Таа самоувереност Лавот природно ја поседува, па како таква ја прифаќаат и останатите. Важно е само да има мерка и да не ги покажува сите предности наеднаш.

ДЕВИЦА
За Девицата да стане привлечна кај луѓето и своето опкружување, мора да ја победи својата ранливост. За неа е важно да сфати дека не мора да биде совршена за некој да ја прифати. Маните не се слаби точки кои треба да се сокријат.

ТЕРЕЗИЈА
За Терезијата најважно е да воспостави внатрешна рамнотежа. Кога го следи тоа внатрешно чувство и подеднакво ги задоволува своите потреби и потребите на другите, станува вистински магнет за луѓето. Ако ги занемари своите интереси, тогаш губи интерес.

СКОРПИЈА
Скорпијата поседува талент со кој заведувањето го претвора во уметност. За освојување на наклонетоста кај другите луѓе потребна е софистицираност, несебичност и трпение со кои околу себе прави мистерија. Личностите во знакот на Скорпија се раѓаат со овие вештини, и тие се предодредени за заводници и откривање на нови димензии во љубовните односи.

СТРЕЛЕЦ
За Стрелецот најважно е да биде активен, ментално и физички. Тој секогаш мора да го шири своето знаење. Впрочем, тоа е неговиот начин на живот. Без разлика дали учи зумба или е во некоја хуманитарна организација или едноставно размислува за работите околу себе, Стрелецот секоја активност ја прави со смиреност, толерантност и љубов. Кога е таков, тој ги привлекува луѓето околу себе.

ЈАРЕЦ
Јарецот мора да ја остави неодлучноста на страна. Кога ќе сфати што сака, треба да има доверба дека тоа може да го исполни. Тоа не значи дека секогаш мора да го преземе првиот чекор, меѓутоа добро би било кога од време навремеН ќе покаже дека умее да застане на цврсти нозе. Само тогаш, Јарецот ги привлекува луѓето.

ВОДОЛИЈА
Водолијата треба да се опушти и да заборави на своето его и впечатокот кој го остава на другите луѓе. Танцувањето, готвењето и смеењето се работи со кои Водолијата ги исполнува своите страсти. Тоа ја прави моќна и привлечна.

РИБИ
Рибите повремено треба да заборават на своите чувства и да се насочат кон другите луѓе. Поседуваат дар на луѓето да им се вовлечат под кожа. Кога ќе почувствуваат внимание од другите, тие возвраќаат со иста мера. Токму ова ги прави посебни и неодоливи.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>