Top
kako_ve_menuva_majchinstvoto

Како Ве менува мајчинството?

Нештата во голема мера се менуваат кога ќе станете мајка. Вашето тело, рутината на спиење, финансиите и многу други нешта. Факт е дека никогаш нема да бидете онаа истата од порано.

Не ги осудувате другите родители
Сигурно се сеќавате кога им упатувавте „убиствени“ погледи на родителите чии деца растрчуваа низ продавница? Сега кога ги искусивте неуспешните обиди да го спречите вашето дете да вика и да трча низ ресторанот во кој ручавте, веројатно се чувствувате виновни што воопшто некогаш сте ги осудувале останатите родители.

Повторно се радувате на обичаите
Ако бевте од оние жени кои велат, „Јас не практикувам да се маскирам за 1-ви април.“, работите се менуваат кога имате деца. Одеднаш не можете да го дочекате моментот да ги облечете вашите деца во слатки костуми и тоа е во ред. На крајот на краиштата, нивната среќа е и ваша среќа.

Долго туширање… Што беше тоа?
Релаксирачкото туширање на почетокот на денот е веќе минато за вас. Се радувате доколку имате 5 минути останати за вас.

Вашите деца можат лесно да ви ги повредат чувствата
Децата сакаат да бидат одгледани од страна на родителите и да им се посветува целото внимание на свет. Понекогаш тие знаат да бидат „лошковци“ и тогаш се прашувате како сте родиле такво „ѓаволче“.

15- минутното доцнење на средбите со пријателките значи дека сте стигнале на време
Доколку ви се налутат што доцните, едноставно вратете им со „Јас сум мајка“, тие ќе ве разберат.

Постојано сте уморни
Често се прашувате како сте будни и функционирате.

Секое бебе е нечие бебе
Токму тоа мислење ве прави уште посочувствителни и пољубезни со луѓето околу вас.

Го дознавте вистинското значење на безусловна љубов
Ги сакате вашите деца дури иако не се онакви како што сте очекувале да бидат. Им ја давате сета љубов на светот, а не барате ништо за возврат.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *