Стручните лица велат дека е многу важно она што го правите за време на викендот за да се опуштите. Следниве нешта ги практикуваат успешните и среќни луѓе.
-
За време на викендот се посветуваат на работите кои им се важни и кои ги сакаат. Повеќе време поминете на активностите кои ве прават среќни и исполнети.
-
Би требало да бидете активни за време на викендот, посебно ако вежбањето сте го изоставиле веќе подолго време. Тоа е совршена активност за да го разбистрите умот и да осмислите нови идеи.
-
Резервирајте време за семејството и пријателите. Ова е посебно важно, затоа што во текот на неделата сè помалку време минувате со саканите личности.
-
Одморете се, викендот пред сè е време кога треба квалитетно да ги опуштите мускулите и да уживате во минимум 8 часа сон.
-
Размислувајте за вашите можности и достигнувања. Зголемете ја самодовербата за само неколку часа и убедете се дека сè што до сега сте постигнале е успехот кој ви е потребен.
-
Волонтирајте во некоја хуманитарна организација и запознајте луѓе со малку поразлични животни навики и вредности од вашите. Бидете креативни и задоволни со она што го правите.
-
Избегнувајте ги ситните поправки за време на двата слободни денови. Доколку навистина не ви е неопходно, подобро е да се одморите од непотребните физички активности.
-
Медитирајте – понекогаш потребен ви е мир и потполна тишина, ништо повеќе…
-
Дружете се и не ги изоставувајте или одбивајте пријателите кои ќе ве повикаат на утринско кафе, пиво или излегување. Бидете активни кога и да можете на друштвено поле.
-
Запознавајте нови луѓе и воспоставувајте нови контакти кога и да ви се пружи шанса. Никогаш не знаете кој кога ќе ви се најде.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!