Top
bigstock-Enamoured-Couple-Finding-Out-R-6844247-700x459

Како против утринските мачнини во бременоста?

Утринските мачнини се појавуваат во првото тримесечје од бременоста и на трудниците им создаваат мака. Во нашите домови се кријат многу природни лекови кои на многу трудници им помогнале во намалување на овие симптоми за бременост.

Сок од компот од праска
Кога ќе почувствувате мачнина, напијте се неколку голтки сок од компот од праска.

Изветреан газиран сок
Ставете изветреан сок во калапче за правење мраз и оставете го во замрзнувач. Секогаш кога ќе почувствувате мачнина, земете една коцка.

Мирис на лимон
Исечете лимон на кришки и една од нив мирисајте ја 5-10 минути. Лимонот може да ви помогне и ако го јадете.

Бадеми
Изедете 5-10 бадеми кога ќе почувствувате мачнини, бидејќи тие го смируваат желудникот и ќе го решат проблемот со подждригнувањето.

Ѓумбир
Исечете свеж ѓумбир на мали парчиња и прелијте ги со ладна вода. Оставете го да отстои барем 10 минути, а потоа напијте се неколку голтки. Ист ефект има и чајот од ѓумбир.

Супа од домати
Загрејте сос од домати, додадете лажичка шеќер и малку сол и потоа оставете да се излади. Супата од домати треба да се пие млака.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *