Top
man feeding woman

Како освојуваат женските припадници на хороскопските знаци?

Жените освојуваат различно во зависност од тоа на кој хороскопски знак припаѓаат.

Жената Овен е огнен освојувач кој сака да е во центарот на вниманието
Веројатно ќе се облече најсекси што може само за да ја постигне целта. Сака да се стегне и да ги нагласи своите адути. Жените родени во овој знак имаат необично, изразено лице, непосредни се и опуштени во комуникацијата, а кога еднаш ќе ги запознаете ќе откриете колку се страствени.

Жената Бик го менува изгледот од „обична девојка“ до фатална жена
Обично има бујни гради и женствено деколте, малку пошироки колкови и цврст карактер. Еротични сте и сакаат допири додека разговараат. Своеглави се и токму поради тоа се предизвик за силните мажи.

Жените Близнаци се „вечни“ деца со 100 лица
Припадниците на овој знак се шармантни, брзо мислат и се комуникативни. Омилени се во големите друштва, обично имаат светли очи и коса, а потемен тен. Сакаат да се трансформираат и заводничкиот пристап го менуваат зависно од типот на маж кој сакаат да го освојат.

Жените Ракови се нежни и чувствителни
Овие жени обично имаат изразени облини и се гордеат со нив. Обожаваат сè што е поврзано со семејството, па затоа се сметаат за најпосакувани партнерки. Женствени се, знаат како да се снајдат во секоја ситуација и секој флерт, а го обожаваат вниманието на џентлмените.

Лавиците се доминантни, снаодливи и сакаат да се во центарот на вниманието
Нив ќе ги препознаете бидејќи обожаваат нагласен накит. Обично имаат бујна и негувана коса, а помеѓу луѓето се оние најгласните и со најистакнат авторитет. Своите маани секогаш знаат вешто да ги претворат во предности, па заради тоа сметаат дека се безгрешни.

Жените Девици имаат латентна сексуалност
Педантни се и организирани во секој сегмент од животот. Уживаат во игрите на заведување, иако ја кријат сексапилноста. Имаат романтичен стил на облекување и префинети црти на лицето. Често глумат добри девојчиња, па делуваат многу помлади отколку што навистина се.

Вагите се одлични заводнички и се грижат за својот изглед
Знаат како да се облечат во секоја ситуација и да бидат забележани. Сакаат да се дотеруваат и да заведуваат со облеката. Фризурата им е секогаш одлична, а шминката перфектна. Понекогаш, тоа е причината заради која мажите не им приоѓаат – перфекционизмот.

Скорпиите се најопасни заводнички
Жените Скорпии имаат шарм кој не се објаснува, а се исклучително природни. Имаат симпатично засипнат и сензуален глас по кој веднаш ќе ги познаете. Може за секунда да ве соборат со нога, но знаат да бидат и посесивни. Кога заведуваат играат топло – ладно, па партнерите буквално полудуваат.

Жените Стрелци се тешко допирливи
Обично го негуваат спортскиот стил и дух, но сакаат и скап накит по кој ќе ги препознаете. Ги красат долги нозе, но немаат претерани облини, што знаат многу паметно да го искористат како предност. Колкави недостатоци и да имаат, нивната насмевка едноставно е незаменлива.

Жената Јарец освојува со рамнодушноста
Овие жени се моќни и самоуверени, заради што обично напаѓаат и освојуваат послаби партнери. Обожаваат да доминираат и искажуваат моќ. Имаат убави нозе, обично се витки, а многу добро знаат да се истакнат со впечатлива и скапа облека.

Жената Водолија е храбра и неоптоварена
Делуваат прилично незаинтересирано за мажи и освојување, припадничките на овој знак се духовно богати. Го спојуваат неспоивото при облекувањето, ја сакаат виолетовата боја и изгледаат секси дури и во обични патики и тренерки. Буквално се заљубени во себе.

Рибите се грациозни
На прв поглед се нежни и чувствителни, но тоа е само трик со кој го ловат спротивниот пол. Имаат грациозна градба на телото, нежни и убаво обликувани нозе, прекрасен поглед и без проблем ќе го искористат за да ве погледнат како „ранета срна“. Тоа е нивниот трик за успех.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *