Доколку ви се чини дека имате неколку килогрмаи вишок, истите можете да се обидете да ги намалите на следниве начини, без гладување.
Испијте две чаши вода пред секој оброк
Пред да седнете да јадете испијте 2 чаши вода. Оваа количина течност, 15 минути пред јадењето ќе ја забрза работата на метаболизмот, а храната ќе се вари правилно и нема да се претвори во масни наслаги.
Напијте се млака вода пред појадок
Пробајте го ефикасниот утрински детокс, односно на гладен стомак испијте една млака чаша вода со лимон и малку мед.
Кефир со ленено семе за појадок
Овој појадок ќе ви помогне да ги исчистите цревата и да ја сочувате цревната микрофлора.
Добро џвакајте ја храната
Не е некоја голема тајна, но често пати во брзање го забораваме правилото. За храната да не се претвори во масни наслаги, секој залак џвакајте го 20-30 пати.
Цимет и мед против масните наслаги
За ефикасно елиминирање на масните наслаги, направете пијалак од цимет и мед. Во 200ml врела вода ставете ½ лажичка цимет во прав и 1 лажичка мед. Половина шолја испијте пред спиење, а другата половина покријте ја и оставете ја во фрижидер за следното утро.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!