Top
Kako-horoskopskite-znaci-jadat-burek-iLike-mk

Шеговит, но мошне реален хороскоп: Како хороскопските знаци јадат бурек

Бурекот е мошне масно и тешко јадење, но од друга страна многу вкусно. Можете да го најдете во секоја подобра пекара или специјализирана бурекџилница.

Но, дали некогаш сте се запрашале како хороскопските знаци се однесуваат додека јадат бурек?

Прочитајте.

ОВЕН
За Овенот не е важно каков бурек јаде, туку најважно е како изгледа отстрана додека јаде бурек. Очекува да му кажете дека е пресладок додека јаде бурек – тогаш би бил на седмо небо. Генерално, Овенот сака бурек, но без јогурт.

БИК
Нивното прво прашање не е дали бурекот е вкусен и тазе, туку колку чини. Доколку цената е неприфатлива би јаделе нешто друго, иако дошле со помисла да јадат бурек. Доколку се одлучат да јадат бурек по повисока цена, ќе го јадат бавно и ќе уживаат во секој залак.

БЛИЗНАЦИ
Близнакот започнува со мечтаење за бурекот кој би сакал да го јаде, па како ќе го плати, но подоцна ќе сфати дека тоа сепак не е она што вистински би сакал да го јаде. Но на крај, со кревање на рамениците, тој ќе ја покаже својата рамнодушност и ќе го изеде бурекот во два залаци.

РАК
Емотивноста на овој знак е голема што може да доведе до солзи доколку личноста која го послужила не е со ведрината која ја очекува Ракот. А на прашањето дали е задоволен од бурекот, ќе пролие нови солзи бидејќи не сте требале да го прашате такво нешто.

ЛАВ
Лавот на сите кои јадат со него ќе сака да им даде до знаење дека негвиот бурек е најголем и највкусен. Настојува да најде начин да им го привлече вниманието на сите присутнии и да се пофали како тој јаде многу, а притоа изгледа одлично. Бидете внимателни, доколку му се спротивставите ќе посегне кон мерење на неговиот со вашиот бурек.

ДЕВИЦА
Педантните Девици, пред да го добијат бурекот, ќе бидат загрижени дали чинијата во која ќе им биде сервиран е доволно чиста и со задоволителни димензии за бурекот. Тие јадат бурек со половина литар јогурт.

ВАГА
Вагата започнува со детална анализа на сите парчиња бурек кои се нудат во пекарата. Таа ќе остане верна на својата тврдоглавост и упорност, сè додека бурекот не дојде при крај. Доколку ѝ припадне честа да го изеде последното парче бурек, ќе се чувствува привилегирано и моќно. Во состојба е да порача цел пита со цел да ја избере најдобрата четвртина.

СКОРПИЈА
Скорпијата ќе ви објаснува дека го сака бурекот, но дека не треба да се јаде поради бројни причини, а ќе ви ги навести мнозинството на болести кои се јавуваат при неговото конзумирање. Но, на крајот ќе додаде дека не е сè така црно, па ќе посегне по парче бурек.

СТРЕЛЕЦ
Стрелците категорично не сакаат бурек! Тие се сметаат за изроди на светот. Ништо не им чини. Во суштина сакаат да им контираат на останатите за сè, па дури и за бурекот.

ЈАРЕЦ
Јарецот е во состојба да го помине целиот град само да најде совршено парче бурек доколку намислил да јаде токму тоа. Самоиницијативно нема да се фали со сопствените достигнувања, но доколку некој го праша дали успеал да ги оствари своите цели, бурекот би го навел како одличен пример. Во суштина Јарците јадат како поларни мечки.

ВОДОЛИЈА
Во друштво, Водолиите нема да се фокусираат на јадење на бурекот, туку повеќе ќе зборуваат. Тие полека и боемски ќе си мезат од бурекот. За Водолиите би било супер доколку бурекот би изгледал како диско топка која светка за да им го привлече вниманието.

РИБИ
Рибите ќе бидат крајно разочарани доколку бурекот не изгледа како мал рајски дворец над облаците, како би можеле да мечтаат додека го јадат. Секако нивниот нос ќе биде целосно извалкан додека јадат, но тоа нема да го приметат додека некој не ги опомене.

Автор: Богољуб Кујунџиќ




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>