Top
pegla

Како ефикасно да ја исчистите пеглата?

Со честото користење на пеглата, нејзината површина се полни со остатоци од облека, бигор и прашина. Како резултат на тоа, потешко се пегла и многу често се случува да се направат дамки на облеката. Затоа морате да знаете како најдобро да ја исчистите пеглата.

Морска сол
На даската за пеглање ставете стара памучна крпа, а врз неа ставете една голема лажица крупна морска сол. Пеглата вклучете ја на максимална температура, а кога ќе се загрее поминете неколку врз солта.

Оцет и сол
Во мало тенџере ставете пола чаша алкохолен оцет и пола чаша сол, и оставете ги на оган додека солта не се стопи. Потоа почекајте малку да се излади. Со памучна крпа на која ќе нанесете од оваа смеса поминете неколку пати преку површината на пеглата. Колку и да ви се чини валкана пеглата, никако не ја чистете пеглата со метална жица, бидејќи на тој начин само ќе ја намалите нејзината ефикасност.

Сода бикарбона
Направете густа паста од сода бикарбона и вода. Со памучна крпа нанесете од оваа паста и нежно тријте додека не ја исчистите целата нечистотија. Остатоците од паста исчистете ги со чиста крпа. За да ја исчистите пеглата од целата паста, вклучете ја во струја и притиснете го копчето за пареа.

Паста за заби
На валканите делови од површината на пеглата нанесете паста за заби. Тријте ја површината со чиста памучна крпа, а потоа вклучете ја пеглата и пеглајте некоја крпа на пареа додека не се исчисти целата површина. Ако ја чистите пеглата на овој начин, користете исклучиво бела паста, а никако паста во боја.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>