Top

Како да ви стане навика пиењето вода?

На човечкото тело му е потребна вода, а дехидрацијата последниве години е една од најчестите појави најмногу кај возрасните лица. Кога телото е жедно, работи забавено, а освен тоа, кожата станува сува и безживотна. Доколку сакате да го достигнете нормалниот просек за пиење 8 чаши дневно, направете го следново:

* Дајте и вкус на водата
На многумина им е со вкус што им здодева, па затоа посегнуваат по сокови кои воопшто не се здрави. За да ја засакате водата, дајте и малку вкус со неколку листови од свежа мента,  парчиња портокал или лимон.

* Употребете ја моќта на вашиот смартфон
Инсталирајте некоја од многу апликации креирани само за оваа ситуација. Станува збор за нешто што ќе ве предупреди дека е време да пиете вода. Можеби не верувате, но апликациите се многу ефикасни.

* Купете си убава чаша/шише
Забораваме на потребата за течности во текот на денот, затоа што постојано брзаме по работа, што лошо влијае врз нашето тело. Набавете убаво шишенце за вода, кое постојано ќе го имате до себе. Ставете го во чанта и носете го секаде со себе. Кога сте на работа, ставете го на биро за да го имате на видик.

* Водата нека ви биде предјадење
На овој начин стекнувате навика за пиење, ќе ви помага за слабеење и ќе јадете помалку.

* Внимавајте колку пиете
Проверете колку вода собира чашата и пресметајте колку чаши вода треба да испиете во текот на денот. На пример, доколку во чашата собира половина литро вода, целта нека ви биде по 3 чаши во текот на денот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>