Top
patuvanje

Како да уживате повеќе оваа година?

Ако имате поставени цели за оваа нога година, прочитајте ги следните совети кои ќе ви помогнат полесно да стигнете до нив и колку е можно повеќе да уживате.

Започнете едноставно
Без разлика која цел сте ја поставиле пред себе, изберете едно нешто кое сакате да го промените во досадните навики какo би тргнале кон нејзино остварување. Ако сакате да се храните здраво, од својата исхрана исфрлете само една намирница. Подоцна продолжете со други нешта, зависно од тоа што сакате, но за почеток е добра секоја промена, без разлика колку е мала.

Уживајте во малите нешта
Животот го чинат низа мали нешта. Исполнете ги со задоволство и ќе имате ден полн со уживање, па потоа седмица, па месец. Ценете ги малите нешта. Понекогаш е доволно само да застанете и да погледнете околу себе. Не ја потценувајте вредноста на ситниците како што се уживање во утринското кафе и посветување време за себе пред почетокот на сите дневни обврски.

Научете нешто ново
Кога последен пат сте направиле нешто за прв пат? Часови за танцување, готвење нов рецепт, учење нов јазик – што и да ве интересира, стекнувањето на некое ново знаење е задоволство. Чувството дека сте постигнале некоја нова вештина, особено ако претходно не сте ни можеле да замислите дека ја правите, ќе ве потсети дека сѐ е можно со малку труд и упорност.

Не планирајте сѐ, само патувања
Некои нешта во животот не може да се испланираат, но патувањата може. Самата помисла на нова авантура го поправа расположението во оној момент кога нештата не ви одат од рака или поминувате низ стресен период.

Започнете веднаш
Не чекајте да дојде понеделник или првиот ден од месецот. Ако имате потреба да промените нешто или пак да додадете нова димензија во својот живот, започнете веднаш кога ќе сфатите дека нешто мора да се промени. Кога сте мотивирани, голема е веројатноста дека ќе успеете.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *