Top
neverstvo

Како да се „одмаздите“ за неверство?

Многу често, оние кои изневеруваат, се појавуваат пред партнерот со изговор „Тоа беше само за една ноќ… Воопшто не ми значеше, беше само секс!“. Но, не постои никаква разлика помеѓу физичко и емоционално неверство. Кога некој ќе си поигра со вашата доверба и емоции остануваат лузни кои секогаш ќе ве потсетуваат на самиот чин. Кога прошката е речиси невозможна, настапува одмаздата како е буквално „издувен вентил“ на насобраниот гнев.

Често пати се случува луѓето во вакви ситуации да бидат водени од големиот гнев и импулсивно да направат нешто непромислено што може да доведе до спротивен ефект. Може да испаднете смешни во очите на другите, а тоа во никој случај не смеете да си го дозволите. Основно правило во ваква ситуација е да си дадете време за емоциите да стивнат, а кога ќе почувствувате дека веќе имате самоконтрола, тогаш сте спремни за акција.

Само малку луѓе знаат дека игнорирањето е најдоброто и најразумното решение кое одлично ќе ви послужи како одмазда. Ако партнерот има чувства кон вас, ќе се обиде да ви објасни служејќи се со лаги и по секоја цена ќе се труди да ја зачува врската со вас. Ако влегувате во конфликти, ако се обидувате да му докажете дека многу ве повредил, во тој счучај целта нема да ја постигнете. Само ладнокрвното негирање на неговото постоење во вашиот живот ја има таа сила сосема да го „уништи“ и да го натера да го проколнува денот кога решил да ве изневери. Сѐ останато, како на пример агресивни испади, мелограматични сцени, карање со жената со која ве изневерил, се неуспешни стратегии кои гарантирано нема да ви донесат никаква полза. Наместо тоа, повлечете се, затворете ја вратата на своето срце и душа. Дури и внатрешно да ве боли премногу, не покажувајте пред него. Ледена маска на лицето и израз на човек на кој му е сеедно – ова е најдобрата одмазда!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>