Top
lubenica

Како да препознаете свежа лубеница?

Во текот на летото, се чини најомилено освежување е ладната лубеница. Додека однадвор изгледаат свежи и убави, внатрешноста покажува друго. Следниве неколку знаци ќе ви помогнат да изберете свежа и сочна лубеница. Лубеницата пресечена на пола која ја гледате на тезгите или во продавниците не треба да биде единствено мерило при купување.

  • Шарата на лубеницата покажува колку е таа стара, па затоа секогаш избирајте ја онаа со светла шара бидејќи е зрела, вкусна и сочна. Освен тоа, страната на која „лежела“ лубеницата на земја треба да има жолта боја. Ако таа страна има бела или светло зелена боја значи дека плодот не е доволно зрел.
  • Обрнете внимание на тежината на лубеницата. Доколку е голема, а лесна, тоа значи дека нејзината содржина е посува и нема доволно сок.
  • Aко лубеницата има рачка, истата може да биде мерило за свежина. Доколку таа е цврста и права, плодот е свеж.
  • Звукот на сочната лубеница треба да биде ѕвонлив. Тропнете на лубеницата на неколку места за да го проверите тоа. Доколку звукот е тап, не ја купувајте.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>