Top
lazlivec

Како да препознаете дека тој е лажливец?

Ако се прашувате дали партнерот ви е верен, дали крие нешто од вас, дали се прави нешто што не е, како да ја извлечете вистината од него и дали има мистериозно минато, прочитајте ги следниве знаци кои ќе ви помогнат да препознаете дали тој е лажливец.

Невербални знаци
Говорот на телото никогаш не лаже, а дури 93% од луѓето комуницираат невербално. Ако не ве гледа во очи додека зборува, често го допира лицето (најмногу носот) или се обидува да ги контролира знаците на нервоза, верувајте дека нешто крие. Кога се обидува да затаи нешто од вас, срцето ќе му чука многу побрзо, а тој ќе почне да се препотува.

Постојано ја менува приказната
Ова особено се однесува на оние кои започнуваат нова врска. Ако ви зборува за своето детство или младост, обрнете внимание дали секогаш ви го кажува истото. Оние што лажат, се обидуваат да импровизираат. Ако мислите дека крие нешто од вас, кога сте во друштво на пријатели, натерајте го да раскаже нешто што веќе го знаете и обрнете внимание дали повторно го кажува истото.

Се однесува малку поинаку
Сексуалниот терапевт Мариа Мерлони советува да обрнете внимание на промената во секојдневните навики. Ако одеднаш почне да излегува навечер или за време на викендите и почне да се дружи со некои нови „пријатели“ кои претходно не ги спомнал, или опседнато секаде го носи мобилниот со него (дури и во тоалет), време е за паника.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>