Top
rsz_laga

Како да препознаете дека некој ве лаже?

Несомнено е дека лажењето е лоша карактерна особина на никој од нас не е отпорен. Секој од нас кажува по некоја лага. Резултатите од една студија покажуваат дека во просек секој кажува по 11 лаги во текот на 7 дена. Дали некој ве лаже можете да препознаете на некој од следниве начини.

Глава
Оној кој ви кажува лага ќе се обиде да го прикрие тоа од вас, но тоа можете да го препознаете по движењето на главата. Еден од знаците дека личноста спроти вас кажува лага е речиси неприметно мрдање на главата додека зборува.

Раце
Ако некој кој е вообичаено опуштен и смирен, одеднаш започне да гестикулира со рацете, како на пример нервозно си игра со прстите, се чеша по лицето, можете да бидете сигурни дека ве лаже.

Говор
На личноста која лаже ѝ е потребно повеќе време да одговори на прашање за разлика од онаа која ја говори вистината и многу често прави пауза на сред реченица, како би успеала да го смисли продолжението на лагата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *