Top
Dietata-na-Zhan-Mitrev-iLike-mk

Како да го избегнете јо-јо ефектот?

Еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат луѓето после диета е т.н. јо-јо ефект. Него го предизвикува враќањето на старите навики во исхраната, кои се многу поразлични отколку оние кои се однесуваат на дисциплина и одрекување од многу нешта. Како би ја задржале саканата килажа, треба да усвоите дел од тие здрави навики.

Помалку калории во чинијата
Кога завршувате со препорачаната диета и се враќате на старата исхрана, намалете го бројот на калории во оброците. Бројот на калории кои треба да ги тргнете од чинијата се 300.

Ред и дисциплина во бројот на оброци
Пет врамнотежени и лесни оброци, во кои е вклучен и неопходниот појадок во кој треба да преовладуваат растителни влакна и витамини од овошје, ќе ви помогнат да го задржите омилениот број на вагата.

Чинија со протеини
За да го спречите враќањето на килограмите, во вашите оброци мора да вклучите протеини. Тие го помагаат создавањето на мускули, а воедно ја забрзуваат работата на метаболизмот. Комбинирајте ги со зеленчук кои имаат малку скроб.

Вежбање
Без телесна активност тешко ќе успеете да ги задржите постигнатите килограми. На тој начин ќе го избегнете и т.н. “skinny fat” синдром. Тој се манифестира кога килограмите се губат без зацврстување на телесната маса после диета. На тој начин се појавува бавен метаболизам кој го отежнува задржувањето на посакуваната телесна тежина. За да го спречите ова направете комбинација од аеробни вежби кои го отстрануваат вишокот на масно ткиво и анаеробни вежби кои ги јакнат мускулите.

Постепено воведување на старите намирници во чинијата
За да се навикне телото на новата тежина и на помалиот процент на масно ткиво потребен е одреден период. Со секој изгубен килограм, на телото му требаат 10 дена да се навикне на новата тежина. Во тој период на прилагодување треба да го избегнете враќањето на старите навики во исхраната, поточно намирниците кои комплетно сте ги исклучиле од исхраната треба да ги воведувате постепено.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>