Top
kafe

Кафето е моќен антиоксиданс

Антиоксидансите се природните материи во храната кои го чуваат нашето здравје и го штитат организмот од влијанието на штетни материи. Тие се многу важни за нашиот имунитет и сосема е јасно дека треба да ги консумираме во доволна количина. Ако имаме добар имунитет, значи дека сме отпорни на настинки, вируси, бактерии и тешки заболувања, во кои спаѓа и ракот. Бројни истражувања докажуваат дека кафето содржи значителен број на антиоксиданси. Многу други истражувања го поврзуваат кафето со намалување на ризикот од добивање на рак на белите дробови, рак на дојката, простата, меланом, итн. Мажите кои пијат кафе секој ден, имаат за 60% помал ризик да заболат од најсмртоносниот облик на рак на простата. Кафето го намалува ризикот и од добивање на Алцхајмерова болест, рак на вратот и главата и го намалува ризикот од појава на дијабетес.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *