Top
Vezhbi-fitness-iLike-mk

Каде грешите ако вежбате, а не слабеете?

Сигурно и вие постојано слушате и читате дека за да изгубите некој килограм мора да вежбате. Ако почнувате да го правите тоа, одите секој ден, но резултати нема, сигурно правите некоја од следните грешки.

  • Јадете погрешна храна
    Многу луѓе обрнуваат внимание на тоа како ќе ги потрошат калориите, но не и каква храна внесуваат во организмот. Исклучително е важно исхраната да се состои од здрави и свежи производи. Оние денови кога не вежбате внесувајте повеќе зеленчук, избегнувајте преработена храна, шеќер и леб.

  • Правите премногу кардио вежби
    Кардио вежбите се неопходни, бидејќи тие го забрзуваат метаболизмот. од друга страна, премногу кардио вежби како последица ги навикнуваат мускулите на издржливост, а со тоа го забавуваат губењето килограми. Освен тоа, кардио вежбите може да предизвикаат глад, со што ризикувате да земете нешто непотребно за грицкање.

  • Не кревате тегови
    Речиси сите се плашат дека со кревањето тегови ќе ги зголемат мускулите, но тоа не е така. Без тегови, потешко ќе ослабете, бидејќи колку повеќе мускули имате, толку повеќе калории ќе согорите.

  • Воопшто не се одморате
    Без разлика колку сте мотивирани да ослабете, секојдневниот тренинг нема да ви биде од голема помош. За да имаат ефект вежбите, неопходно е на мускулите да им дадете време да одморат. Направете си распоред: еден ден интензивен тренинг, еден ден кардио вежби, еден ден одмор.

  • Премногу вежбате
    Премногу време поминато во теретана не значи и фит тело. Доколку не сте професионален спортист не треба да вежбате повеќе од еден час дневно. Правило до кое треба да се придржувате е: Колку е појак тренингот, толку пократко треба да биде времето поминато во теретана.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *