Top
vo-krevet

Јуни – месец кога имаме најмногу секс

Ако периодов сексот ви е постојано во мислите, ништо не е чудно. Јуни е месец во кој страстите и потребите се на едно врвно ниво. На тоа се припишуваат топлото време, кратката, лесна и проѕирна облека и повеќе дружење.

Освен во јуни, луѓето се во иста мера заинтересирани за секс и во декември, а тоа го потврдуваат бројни студии според кои во тие месеци се зачнуваат најмногу деца, се купуваат најмногу кондоми, но и се бележи највисок пораст на полово преносливи инфекции.

Така, според статистиките, голем број млади луѓе ќе го имаат своето прво сексуално искуство токму во јуни. Оние кои немаат постојан партнер, не се ништо помалку заинтересирани за секс. Петгодишна анализа на најчестиот пребарувач Google покажува дека во јуни и јули најчесто се пребарува зборот секс, кога и се зголемува број на нови корисници на интернет страниците за запонавање.

Научниците велат дека не постои очигледна причина која би покажала зошто сексуалноста кај луѓето е најизразена во јуни и декември, но веројатно промените во нивото на хормони го зајакнува либидото.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *