Top
mace-kuce

Изборот на милениче зборува за вашиот карактер

Со новите истражувања, спроведени на повеќе од 600 луѓе, научниците докажуваат дека постојат разлики помеѓу луѓето кои сакаат мачиња и оние кои сакаат кучиња. Всушност изборот помеѓу овие две миленичиња говори за вашиот карактер.

Мачињата и кучињата се најпопуларните куќни миленици. Повеќе од половина од луѓето кои имаат милениче, имаат повеќе од едно.

Denis Guastello од Универзитетот Carroll вели дека луѓето кои преферираат куче се енергични, отворени за пријателства и склони на придржување на правила. Љубителите на мачиња имаат отворен поглед кон животот, интровертни се и чувствителни. Освен тоа тие се прилагодливи и не сакаат слепо да ги следат правилата.

Она што може да се истакне во споредбата помеѓу луѓето кои сакаат кучиња и луѓето кои сакаат мачиња е тоа што се покажало дека сопствениците на мачиња се поинтелигентни. Научниците сметаат дека самите животни и начинот на кој луѓето се грижат за нив ги објаснува овие разлики. Сопствениците на кучиња почесто шетаат, поради што нивните сопственици почесто се дружат и запознаваат нови луѓе. Бидејќи мачињата шетаат сами, а најчесто остануваат дома, нивните сопственици се повеќе насочени кон себе.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>