Top
sise voda

Исто шише за вода не треба да користите повеќе пати

Сигурно и вие имате навика да купите шише со вода и откако ќе ја испиете, истото да го користите повеќе пати. Според еспертите, не би требало да го правите тоа. Имено, пластичната амбалажа која ја допирате до устата претставува легло на бактерии, а тие особено се размножуваат во текот на летото и во период на високи температури. Секогаш кога повторно го користите шишето наменето за еднократна употреба, на него има сè повеќе батерии, без оглед дали сте го измиле шишето или не.

Освен тоа, воопшто не е паметно шишето од кое пиете вода да го измиете со детергент за садови, бидејќи делот кој го допирате со усните има спирали и нема да успеете убаво да го исплакнете шишето.

Најдобро би било шишето со вода или сок да го употребите само еднаш, бидејќи тоа е наменето за еднократна употреба. И секогаш кога имате можност, обидувајте се да не пиете директно од шишето туку користете чаша.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>