Top
Ishrana-i-vezi-spored-horoskopskiot-znak-iLike-mk

Исхрана и вежби според хороскопскиот знак

Како што астрологијата дава корисни совети за љубовта, работата, и односите во рамките на семејството, така би можеле да се најдат корисни совети за намалување на телесната тежина, одржување на линијата или едноставно за поздрава исхрана. Токму поради тоа, во продолжение прочитајте го краткиот водич за исхраната според вашиот хороскопски знак.

ОВЕН
Амбициозната и активна Викторија Бекам е типичен припадник на овој знак. Луѓето родени во него теженат кон конкуренцијата и решени се да победат. Кога станува збор за исхраната, брзите режими на исхрана кои даваат брзи резултати се најдобар избор за нив, бидејќи трпението дефинитивно не е нивна карактеристика.

Исхрана: Аткинс диетата (богата со протеини и многу малку јаглехидрати) е добар избор за овните. Тоа им дава сила и одговара на нивната темпераментна природа. Станува збор за екстремен режим на исхрана, па затоа е потребно повремено советување со доктор и контролирање на нивото на холестерол.

Вежби: Овните се премногу себични за да бидат тимски играчи, па според нив вежбање заедно со пријателите нема никаква смисла. Претпочитаат да изберат аеробик, трчање или било што друго што ќе ги тестира нивните граници.

БИК
Актерката Кристина Хендрикс, како и секој бик, е склона кон „забранетите задоволства“, особено оние кои вклучуваат чоколадо. Затоа, за биковите најефективен метод е планирана диета.

Исхрана: Волуметрикс диетата, која се базира на внесување храна со ниска енергетска вредност и дозволува консумација на големи количини овошје и зеленчук, е најдобрата опција за биковите. Имајте ги предвид јаглехидратите кои бавно се разградуваат и суво овошје кое ќе ви даде чувство на ситост.

Вежби: Искористете ја својата тврдоглавост за да останете фокусирани на целта, како на пример, трчање 5 km за 45 минути.

БЛИЗНАЦИ
Свежи, младешки и секогаш подготвени за акција. За близнаците „разноликоста е зачин на животот“, па затоа тие тешко се држат до одреден режим на исхрана или вежбање.

Исхрана: Најважно во исхраната на близнаците е да се балансираат различни групи на храна и да се комбинираат со различни типови на вежби. Нивниот најголем недостаток е брзата храна. Избегнувајте ги чипсовите, чоколадото и наместо тоа јадете повеќе овошје. Освен тоа, нека ви биде обврска, барем еден оброк во текот на денот да го јадете со прибор, наместо брза храна.

Вежби: Пробајте микс на аеробни вежби и вежби со висок интензитет, за да не ви биде досадно.

РАК
Уживањето во храна и забавите одат заедно. Дури и Шерил Кол, иако е слаба, признава дека е склона кон овие задоволтва. Вашиот надворешен непробоен слој всушност крие многу лојална душа. Храната ви носи емоционална сигурност, па затоа и кога сте вознемирени, барате утеха во храната.

Исхрана: Најважно во исхраната на раковите е да научат како да ги контролираат своите потреби и нагони за јадење.

Вежби: Агресивен тренинг за раковите е синоним за пекол. Затоа, најдобро за нив е пливањето.

ЛАВ
Мадона е типична лавица – бестрашна и фокусирана. Кога тие одлучуваат да дејствуваат, имаат доволно енергија и се посветуваат во претворањето на идејата во дело.

Исхрана: Лавовите преферираат тешка храна, а тоа е пропаст за нив. Мали порции богати со протеини, јајца, риба и зрнеста храна, е идеален начин на исхрана за нив. Внесувањето на јаглехидрати треба да се сведе на минимум.

Вежби: Сакаат предизвици, па за нив се најдобри вежбите од појак интензитет како дигање тегови или зумба.

ДЕВИЦА
Избегнувајте краткорочни диети и брзо губење на килограмите. Диетите кои се базираат на внесување течности и супа, можеби се привлечни, но долгорочно ниту се добри, ниту ефикасни.

Исхрана: Свежо овошје, салати, лосос и ореви се вистински избор за девиците. Избегнувајте леб, полномасно млеко и кремасти млечни производи. Телото на девицата е чувствително на стрес, а тоа им удира на желудник. Тешката храна само ќе го направи вашиот организам пренатрупан.

Вежби: Групни вежби, како на пример јога или пилатес се совршени за овој хороскопски знак.

ВАГА
Рамнотежа и хармонија се клучни зборови за вагата, па затоа треба да ги вклучат во својата исхрана и вежбање. Гвинет Палтроу, која е припадничка на овој знак, нека ви биде пример со своите дефинирани мускули на нозете, совршениот тен и преферирањето на макробиотичка исхрана.

Исхрана: Поради влијанието на планетата Венера, вагите сакаат да се чувствуваат негувано и сакано. Во спротивно, утеха ќе побараат во слатки. Нивните коски и бубрези се слаба точка, па затоа треба да консумираат храна богата со калциум и да пијат многу течности.

Вежби: Црвено, испотено лице не е опција за вагите, па затоа тие преферираат нежни вежби, како јога.

СКОРПИЈА
Целосно фокусираните скорпии бараат режм за исхрана само заради рекрација и за да ги тестираат своите граници.

Исхрана: Без јаглехидрати, без овошје и млеко, а со многу мешункасти растенија – тоа е вистински избор, но прилично есктремен. Сепак, еднаш неделно може да јадат што сакаат, што посебно ќе им се допадне бидејќи уживаат да одат од крајност во крајност.

Вежби: Страстните скорпии имаат ригорозен режим кој бара концентрација, како на пример кик бокс или други боречки вештини.

СТРЕЛЕЦ
Скарлет Јохансон е вистински стрелец – сензуална, силна и витална. Стрелците сакаат да патуваат и уживаат во активности во природа. Токму затоа, треба да изберат режим на вежбање кој вклучува контакт со природата. Треба да консумираат многу течности, бидејќи на тој начин ќе го исчистат своето тело од штетни материи. Свежи сокови од зеленчук, како што се морков и цвекло се супер избор.

Исхрана: Ориентална исхрана која вклучува многу риба, ореви, семки, зеленчук и ориз е вистински избор за стрелец. Сето тоа дава многу енергија, а тоа им треба бидејќи стрелците се еден од најенергичните знаци. Слаба точка им е тешката храна.

Вежби: Пешачење, возење велосипед и трчање, бидејќи ги привлекува свежиот воздух.

ЈАРЕЦ
Кејт Мидлтон, која е типичен јарец, е владетел на само-дисциплина. Мирна, фокусирана, војвотката следи режим кој е цврсто поставен и не може ништо да излезе од патот. Но, јарците  не треба да се само-казнуваат ако некогаш скршнат од него.

Исхрана: Пилешко месо, зеленчук, јајца, овошје, ориз и енергетски пијалоци овозможуваат константно следење на внесот на калории, а јарците тоа го сакаат.

Вежби: Одлично функционираат и сами, па затоа најчесто не го сакаат групното вежбање. Трчање или возење ролери е одлична вежба за нив.

ВОДОЛИЈА
Актерката Џенифер Анистон е пример за водолија – незапирлива и со слободен дух. Тие креираат и рушат правила каде и да се појават, па држењето диета за нив е вистински предизвик.

Исхрана: Водолиите се вистински бунтовници и имаат тенденција да си дозволуваат себеси премногу. Кај овој знак преовладува нервниот систем, па за да се одржи во рамнотежа, треба да внесуваат доволно витамин Б (преку зеленчук), туна и јајца.

Вежби: Вртење хулахоп или трчање, бидејќи водолиите се задоволни кога се чуствуваат слободни.

РИБИ
Способни, интуитивни и нежни, припадниците на овој знак (меѓу кои се вбројува и Ева Мендез) треба да користат режим кој повеќе ќе ги опушти отколку да ги измори и да им одземе многу енергија.

Исхрана: Рибите треба да го зајакнат својот имунолошки систем со многу лук и ѓумбир, но и со храна која има многу малку масти.

Вежби: Вистински избор е пливање или танцување, бидејќи тоа е добар начин за намалување на стресот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *