Top
Statistiki_povrzani_so_bremenosta_iLike_mk

Интересна статистика поврзана со сексот и бременоста

Истражувањата покажуваат дека сексуалните односи во траење од 2 до 5 минути се прекратки, а помеѓу 20 и 30 минути мошне долги.

Идеално времетраење на клавитетен сексуален однос е 10 минути, односно помеѓу 7 и 15 минути.

Сексот во бременоста не е забранет, дури и се препорачува, меѓутоа не и во последните месеци од бременоста. Со сексот во бременоста не треба да се претерува, а покрај тоа треба да се води сметка и за можните инфекции и да се избегнуваат префорсирани пози за жената.

Жените може да имаат и полови односи во текот на менструацијата, меѓутоа и тогаш постојат некои ризици. За време на менструацијата жените се многу повеќе подложни на инфекции.

За околу 10% од паровите кои посакуваат бременост потребно им е повеќе од година дена да дојде до зачнување, а за 5% повеќе од две години. Секој шести пар бара помош кај стручните лица поради неплодност или сомнеж за стерилитет.

Дебелите жени и дебелите мажи имаат многу повеќе проблеми со неплодноста отколку паровите кои имаат просечна телесна тежина. Неухранетите жени поради пореметената хормонска рамнотежа и нередовната овулација многу тешко остануваат бремени, сè додека не ја доведат тежината во нормалните текови.

Пушењето, алкохолот, изложеноста на пестициди и загадениот воздух неповолно влијае на плодноста кај паровите.

Идеална старост на паровите за посакувана бременост е помеѓу 22 и 25 години. После 35-та година веројатноста за прва бременост е сè помала.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *