Top
Indian-Astro-iLike-mk

Проверете што сте во индиски хороскоп

Се смета дека индискиот хороскоп е најстариот хороскоп на светот. Тој е мошне популарен поради неговата конкретност и високиот квалитет на аналитички техники. Него го сочинуваат 12 знаци, а се базира на 64 астролошки карти.

Meш (21.3 – 20.4)
Планетата која владее со овој знак е Марс, кој му дава авантуристички дух. Родените во овој знак претежно се водачи на тимови, сакаат да даваат наредби и да се грижат за своите подредени. Нивните главни особини се храброста и бестрашноста кои секогаш ги водат напред. Меш е авантурист, импулсивен, полн со енергија, искрен и директен. Но, многу е тврдоглав и брзо се навредува. Припадниците на овој знак често боледуваат од вртоглавица, имаат крвавење на носот и се подложни на мигрена. Освен тоа, тие се одлични како спортисти, војници, истражувачи или доктори. Нивниот идеален партнер е Вриша или Кануа.

Вриша (21.4 – 21.5)
Припадниците на овој знак се тврдоглави и ретко слушаат совети од другите. Лесно го постигнуваат она што го сакаат во животот и никогаш не се откажуваат од своите цели. Од друга страна, тешко склучуваат пријателства, но кога ќе се спријателат, остануваат верни и лојални до крај. Се сметаат за доверливи, практични и амбициозни, а тоа им го олеснува напредувањето во работата. Во љубовта се секогаш верни, но многу љубоморни на својот партнер. Важат за добри тимски играчи, иако нивната тврдоглавост може да ја упропасти заедничката работа. Во животот често ги кочи стравот од болести поради што овој знак избира професија поврзана со медицината, осигурувањето или образованието. Најмногу проблеми имаат со штитната жлезда, вилицата и вените.

Митхун (22.5 – 21.6)
Трет знак во индиската астрологија. Родените во овој знак имаат особен карактер: љубезни се, великодушни и често им помагаат на сиромашните или волонтираат во различни здруженија. Ги прифаќаат сите активности и ги извршуваат без проблем, но често им недостасува време да се посветат на секоја од нив. По природа се флексибилни и може да се приспособат и со најразлични карактери. Сакаат да бидат во центарот на вниманието. Нивниот партнер мора да им одговара на ментално ниво и мора да знае да се носи со нивниот темперамент. Добро се согласуваат со знакот Кумбха. Припадниците на овој знак често боледуваат од болести на белите дробови и фрактури на коските.

Карка (22.6 – 22.7)
Kарка е знакот со кој владее Месечината. Овие луѓе се внимателни и чувствителни, често не им веруваат на другите, што им создава проблеми во интимните, пријателските и љубовните односи. Претежно не се расположени и се сомневаат во секого. За да развијат врска со некого, прво мора да имаат цврста доверба во него. Една Карка не е лесно да се разбере. Идеални партнери за него се Вритчик и Макар. Најмногу проблеми имаат со желудникот, панкреасот и црниот дроб. Идеална професија за овој знак е новинарството, политиката или книжевноста.

Симха (23.7 – 21.8)
Симха е обележје на лавот. Припадниците на овој знак често се романтични и креативни. Сакаат забави и чести дружења со пријателите. Креативни се, великодушни, со широки сфаќања, верни. Нивната сила и храброст секогаш им обезбедуваат успех. Овој знак е вистински крал на Зодијакот. Симха никогаш не се откажува и ретко кога повикува некој на помош. Припадниците на овој знак често се болни, но добрата работа е тоа што заздравуваат побрзо од другите. Повеќето ги мачат тегоби со срцето, вените и половината. Во работата се секогаш амбициозни и не сакаат да работат што било. Најдобра професија за овој знак е политичар, банкар или менаџер. Овој знак е одличен организатор. Сродна душа на Симха е Кумбха.

Кануа (22.8 – 23.9)
Со овој знак владее Меркур. Кануа е симбол на совршенството. Припадниците на овој знак се точни и прецизни во се’ што работат. Со леснотија ги решаваат сите проблеми и тоа на едноставен начин. Овој знак е одличен како работодавец, а особено обожава да биде во улога на шеф и да го набљудува секој чекор на работењето. Негов најголем здравствен проблем е воспалението на црниот дроб или цревата. Најсоодветна професија е работа во библиотека или во адвокатска канцеларија. Кануата не е за тимска работа. Негова сродна душа е знакот Меена.

Тула (24.9 – 23.10)
Со Tула владее Венера. Родените во овој знак се големи дипломати. Секогаш бараат рамнотежа и усогласеност и се грижат да им удоволат на другите луѓе. Тула е друштвен и весел знак и е особено паметен. Изобилува со оптимизам и секогаш им влева надеж на другите дека постои подобро утре. Најголеми здравствени проблеми има со бубрезите и половината. Овој знак би бил успешен композитор, правник или моден дизајнер. Најмногу проблеми во кариерата му донесуваат неодлучноста и стресот. Во љубовниот живот е успешен и му одговараат повеќе знаци, но приоритет има Вриша.

Вритчицк (24.10 – 22.11)
Вритчицк е воден знак. Таинствен и магнетно привлечен за спротивниот пол. Родените во овој знак се навистина страсни. Надворешно изгледаат мирни, но може да експлодираат како вулкан. Нивната волја и упорност секогаш ги водат до професионален успех. Најдобра работа за овој знак е истражувањето, медицината или образованието. Своето здравје треба добро да го чува бидејќи често се соочува со воспаление на вените, црниот дроб и дебелото црево. Најмногу му одговара Вриша.

Дханус (23.11 – 24.12)
Со овој знак владее Јупитер, поради што е особено импулсивен и љубопитен. Дханус има позитивен став кон животот, за што придонесуваат неговата сестраност, подвижност и љубовта кон животот. Тој е верен и независен и сака да патува и да истражува. Амбициозноста, искреноста и великодушноста секогаш им носат професионален успех. На овој знак најмногу му одговара професија поврзана со наука, музика, помагање на другите и односи со јавноста. Луѓето го сакаат, а во љубовта најмногу му одговараат Кумбх и Тула.

Макар (25.12 – 20.1)
Со овој знак владее Сатурн. Амбициозен, кој секогаш ја исполнува својата цел која си ја поставува во својот живот. Родените во овој знак се вистински зависници од работата и тешко им е да одбијат каква било задача поврзана со нивната работа. Најмногу им одговара работа како администратор или менаџер. Важат за верни пријатели, но повремено се однесуваат ладно. Имаат склоност кон заболување на кожата и косата, но упорноста им помага да се оправат. Секогаш се во потрага по љубовта и имаат потреба од партнер како Вриша.

Кумбх (21.1 – 18.2)
Планетата која владее со овој знак е Уран. Кумбх е личност со силни верувања и секогаш во потрага по вистината. Иако се идеалисти, овие личности се практични. Често го менуваат расположението, темпераментот им е непредвидлив и често се лутат или се нервозни. Овие особини не им помагаат во работата, а најдобрите професии за овој знак се поврзани со компјутери или авијација. Поради нивната нервоза често заболуваат од депресија или вртоглавица. Импулсивниот карактер не им дозволува идила во љубовта, но партнерот кој најмногу ги разбира е Макар.

Meeн (19.2 – 20.3)
Со Меен владее Нептун, поради што припадниците на овој знак поседуваат силна интуиција. По природа се трпеливи и имаат флексибилен карактер. Сакаат луксуз и трошат многу пари на патувања, убавина и други мали задоволства што понекогаш може да ги одведат во дебел минус на сметката. Поради тоа треба дополнително да се трудат на работа за да ги избегнат финансиските потешкотии. Одлично функционираат како самостојни трговци и сопственици на компании. Во љубовта се романтични, а од партнерот бараат нежност и внимание. Најмногу им одговара Кумбх.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>