Top
vo-krevet

Идеален партнер според хороскопот

Кога станува збор за љубовта, многу нешта се запишани во ѕвездите. Откријте кој е вашиот идеален партнер.

ОВЕН
Овните се нетрпеливи во сексот, сѐ сакаат сега и веднаш, исто како и во животот. Сакаат да експериментираат, ги привлекува авантурата и за нив љубовта и сексот се посебна категорија. Многу бараат и од партнерот очекуваат потполно задоволство во кревет. И самата помисла на телото на партнерот ги возбудува и сакаат помалку ексцентрични пози. Нивни ерогени зони се вратот и ушите. Најдобар секс имаат со личностите родени во знакот на Лав или Стрелец.

БИК
Биковите се големи хедонисти. Kако што сакаат да дегустираат добра храна, така уживаат и во интимните моменти. Сакаат долга предигра и може да се навредат ако ги брзате. Партнерот не смее да штеди на бакнежи и милување, затоа што им е потребно да чувствуваат блискост. Затоа Биковите ретко влегуваат во авантура. Во сексот се страствени, ги возбудуваат допири и врели погледи. Слепоочницата е ерогеното место кое ги возбудува. Им одговараат Девици и Јарци.

БЛИЗНАЦИ
По природа се љубопитни, но и површни, па затоа најмногу им одговара флертот. Сѐ прават набрзина, па такви се и во сексот. Не ги интересираат долги воведи, сакаат да преминат веднаш на главното. Во љубовните игри сакаат да истражуваат, поместуваат граници и да прават нешто невообичаено. Имаат силни сексуални фантазии, кои понекогаш го збунуваат партнерот. Најдобар секс би имале со Скорпија и Риби.

РАК
Раковите тоа го прават опуштено, без брзање и со многу емоции. Според нив, тоа е идеален секс. По природа се неодлучни, па ретко се впуштаат во авантура, но кога имаат постојан партнер, во креветот се опуштаат без пречка. Ќе одговорат на најскриените фантазии. Најпрво разбудете ја страста кај нив, па бескрајните изливи на љубов во креветот се загарантирани. Важен им е контактот со очите додека водат љубов. Идеални партнери се Скорпија и Риби.

ЛАВ
Лавовите одлично знаат да ги постават границите помеѓу емоциите и желбата за секс, во двата случаи сакаат да се покажат во најдобро светло. Многу се директни, па затоа не им е проблем отворено да кажат што очекуваат од него во кревет или во текот на сексот стравствено на уво да шепнат што ги возбудува. Енергични се и темпераментни, важат за доста потентни и издржливи љубовници. Нивните ерогени зони се препоните и бедрата. Им одговара Стрелец или Овен.

ДЕВИЦА
Дискрецијата и умереноста се нивен заштитен знак. Девиците одично ја контролираат нивната страст во креветот. Партнерите може да изгледаат чудно, дури кога во најинтмните моменти водат сметка за манирите, меѓутоа тие работи ќе попуштат со време, кога ќе се оставари блискоста. Девицата ретко ќе биде подготвена за исполнување на сексуалните желби. Ги возбудуваат допирите. Најдобар секс имаат со Бик и Јарец.

ВАГА
Вагите се многу емотивни и романтични.Тие уживаат во секси игрите. Изливот на љубовта во моменти на стравствените допири, се неизбежен дел. Сексуалната фантазија е поттикната со длабоки погледи, секси движења. Не се премногу склони на експериментирање, но тоа на нивните партнери не им смета, затоа што сексот за нив е вистинска магија. Посебно сексуално уживање им кај половината. Во сексот најдобро се согласуваат со Близнаци и Водолија.

СКОРПИЈА
Сексот за нив е уметност. Како љубовници се сјајни и за нив во сексот нема граници. Страста и адреналинот во текот на љубовниот чин им се зголемува и секогаш сакаат да пробаат нови потези и предизвици. Многу се сензитивни, умеат да почувствуваат што му годи на партнерот. Сепак, може да и засмета нивната доминација во креветот. Ерогените зони им се препоните и стомакот. Најдобар секс можат да имаат со Риби и Рак.

СТРЕЛЕЦ
Стрелецот е најеротичниот знак во хороскопот, односно тие навистина знаат да уживаат во сексот. Темпераментни се, импулсивни и пред се директни. Класиката во сексот не ги интересира. Сакаат да истражуваат и најсреќни се ако партнерот покрај нив е расположен да проба нешто ново. Сексот со нив секогаш е различен, незапирлив и див. Ги возбудуваат допири, посебно на долниот дел на стомакот и грбот. Идеални партнери: Овен и Лав.

ЈАРЕЦ
Сексот како игра на моќта и доминација во кревет, за припадниците на овој знак е тотална непознатица. Љубовната игра мора да започне полека, помалку невино и забавно, тоа ги доведува до најголемите страсти. Како што се по природа емотивни и ранливи, во сексот секогаш преферираат класика, понекогаш се чини дека не им одговара да ја поминат границата на пристојност. Ги возбудува бојата на гласот, допири и пред сè изјави на љубов и нежност. Нивната ерогена зона е внатрешната страна на колената. Најдобар секс можат да имаат со Девица и Бик.

ВОДОЛИЈА
За Водолиите сексот претставува спој на необични, емотивни и еротски искуства. Тие се многу вешти љубовници, се предаваат без одолжување, преферираат оригиналност, спонтаност и одредена доза на егибиционизам. Обожуваат необични пози и затоа им одговара партнер кој може да ги следи во нивните љубовно-сексуални фантазии. Може да ги возбуди и нечиј провокативен изглед. Според хороскопот, на Водолиите во сексот најмногу им одговараат Близнаците и Вагите.

РИБИ
Сензуалните Риби знаат како функционира и најмалиот нерв на телото на партнерот. Тие се неверојатно внимателни љубовници, кои во текот на сексот умеат во текот на сексот без зборови да го следат партнерот. Бидејќи љубовта е нивната духовна храна, ги возбудуваат изјави на нежност, топли погледи или самата појава на саканата личност. Токму емотивниот занес кај нив ослободова еротски фантазии, па важат за неверојатно имагинативни љубовници. Нивните ерогени зони се стомакот и зглобовите. Идеални партнери за секс им се Ракот и Скорпијата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *