Top
Вкусот за храна зборува за вашиот карактер

Храната која ја сакате зборува за вашиот карактер

Доктор Ален Хирш, невролог од Чикаго, пред неколку години направил истражување, во кое опфатил 18 илјади испитаници и дошол до резултати со кои точно се покажува односот на желбата за одредена храна со карактерот на човекот.

Тој ги специфицирал карактерите според вкусот во пет категории:

Солена храна сакаат успешните луѓе кои се раководат според разумот
Лицата кои чувствуваат желба за солена храна ретко го изразуваат своето мислење, но се енергични и храбри во критични ситуации, одлучувајќи врз основа на разумот, а не со срцето.
Со оглед на тоа дека често им препуштаат на другите да им ги кројат приватниот и службениот живот, таквите може да ги смири чипс или порција солен помфрит, поради тоа што имаат недостиг на минерали во организмот.

Слатко сакаат хедонистите кои живеат на маргините
Лицата кои чувствуваат голема желба за темно чоколадо, сакаат да бидат во центарот на вниманието, ги привлекува тотално опуштен живот, додека во службениот свет, целат кон водечките позиции. Оние кои копнеат по млечно чоколадо често се тивки и повлечени. Лицата кои се по благото се големи хедонисти и ретко жалат за пропуштените можности.
Чоколадото го стимулира лачењето на хормонот серотонин и е совршен десерт кој делува како антидепресив, а помага и кај малаксаноста кога на телото му е потребно брзо разбудување.

Слатко-солено преферираат креативните луѓе
Лицата кои сакаат комбинации на слатко и солено најмногу сакаат да бидат сами, креативни се и сакаат да управуваат со сопственото време и простор, не поднесуваат надреденост, а најмногу ја цената приватноста.
Честата желба за комбинација на слатко и солено е знак дека во организмот недостасува гликоза и натриум.

Лута и зачинета храна за темпераментните
Темпараментите лица кои не сакаат да губат време на неважни работи се обожаватели на лута и зачинета храна. Тие сакаат ред и дисциплина, со неверојатна брзина извршуваат повеќе клучни работи наеднаш, а храната со зајакнат вкус ги смирува.
Ваквата храна ја забрзува работата на срцето и дишењето, но треба да се биде внимателен бидејќи таа создава зависност.

Горчливо сакаат мислителите и филозофите
На оние кои одлучуваат врз основа на разумот, а тешко се препуштаат на срцето често им се забележува дека не се доволно страсни. Таквите се обожаватели на горчливите вкусови и се најмалку застапени.
Горчливата храна го урамнотежува нивното студенило кое е на површина, а во длабочината на својата душа се плашлливи. Горчливиот вкус ги исполнува со незадоволство кое ги тера да одат понатаму и ги видат работите такви како што тие навистина се.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *