Top
cokolado

Храна која треба да се консумира зависно од емоциите

Сигурно и вие сте се запрашале зошто ви се јаде чоколадо кога сте тажни или зошто одредена храна ви помага да се смирите кога сте напнати и нервозни? Различни видови на храна влијаат на нашето расположение на различни начини, а нашето тело тоа го препознава.

Стрес
Земете длабок здив и земете неколку семки од тиква, лен или ореви. Храната богата со омега-3 масни киселини го враќа магнезиумот во организмот кој ни помага да се справиме со стресот. Ако сте под голем стрес, за вечера подгответе риба.

Анксиозност
Ако ве очекува важно интервју за работа или се подготвувате за првиот љубовен состанок, напијте се малку сок од лимон или јадете оброк со компири. Тие се полни со витамини Ц и Б комплекс кои ќе ви помогнат да се опуштите. Избегнувајте пржена храна и кофеин бидејќи тоа само ќе ја влоши анксиозноста. Храната богата со протеини, исто така е добар избор. Протеините помагаат во создавањето на допамин кој ќе ве држи будни.

Тага
Темно чоколадо веднаш ќе ги подигне вашето расположение и енергија и ќе ве натера да се чувствувате подобро. Храната богата со магнезиум како банани и кајсии исто така се добри за тагата. Фолната киселина што може да ја консумирате преку спанаќ или чаша сок од портокал, исто така, ќе ве расположи.

Лутина
За да го задржите вашиот гнев под контрола, јадете храна која има освежителен и ладен ефект, како краставици или јогурт. Чаша ладно млеко исто така не е лош избор. Избегнувајте газирани пијалаци и алкохол, бидејќи тие само го зголемуваат гневот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>