Top

Храна која придонесува да бидете среќни

Дали некогаш сте помислиле како и колку храната може да го подобри вашето расположение? Ако прво помисливте дека за среќа е потребно парче пица и чаша Coca cola, не сте во право.

Нутриционистката Фиона Так во својата книга “The Forensic Nutritionist” се занимава токму со ова прашање, односно објаснува која храна влијае директно на мозкот и прави да се чувствуваме среќно и задоволно. Храната која може да не направи среќни е онаа храна која е богата со железо, фолна киселина, витамините Б, Ц и Д и триптофан. Од друга страна храната која не прави да се чувствуваме несреќно е онаа која содржи големо количество на шеќери, вештачки ароми и масти.

Доколку сакате бидете порасположени и да се чувствувате посреќно во вашата исхрана според Так, треба да вметнете што повеќе портокали, јаткасти плодови, леблебии, цвекло, печурки, лосос, банани, какао, јајца и кафеав ориз.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>