Top
bademi

Храна која ги чува и негува ноктите

Често се случува лекот за многу нешта да се крие во храната која секојдневно ја консумираме. Маслиновото масло е богато со омега-3 масни киселини кои ги хидратизираат ноктите, лососот и пилешкото ги зацврстуваат, а семeто од лен го спречува нивното лупење и пукање.

СПАНАЌ, ЗЕЛЕНА САЛАТА И ГРАВ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА НОКТИТЕ
Кршливите, слаби нокти многу често укажуваат на недостаток на фолати во телото, чиј удел се намалува како резултат на стареењето. Со текот на годините, телото сè послабо го апсорбира витаминот Б, па затоа треба да најдеме начин да го компенизраме. Токму затоа се препорачува консумирање на храна богата со фолна киселина, како што е спанаќ, зелена салата и мешункасти плодови.

ЛЕНЕНОТО СЕМЕ СПРЕЧУВА ЛУПЕЊЕ НА НОКТИ
Кршливите нокти кои многу лесно пукаат имаат недостаток на масни киселини. За зацврстување на ноктите потребно е да го вклучите лененото семе во својата исхрана. Тоа може да го консумирате помешано со житарки и салата или пак да користите масло од ленено семе.

ЛОСОС И ПИЛЕШКО ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА НОКТИТЕ
Кератинот ги прави ноктите поцврсти, а неговиот недостаток може да го пополните со помош на пилешко месо, свинско месо, мисиркино месо, лосос и скуша. Се препорачува секој ден да се консумира 170g месо богато со кератин.

ДОМАТИ ВО КОМБИНАЦИЈА СО ЈАЈЦА
Недостатокот на железо ги заслабнува ноктите, поради што лесно пукаат. Овој недостаток може да се надомести со храна богата со минерали како јајца, спанаќ и житарки. Најдобро е да се комбинираат со храна богата со витамин Ц, како што се домати, пиперки и цитрусно овошје, бидејќи помагаат да се апсорбира железото.

МАСЛИНОВО МАСЛО ЗА СУВИ НОКТИ
Маслиновото масло е вистинки лек за суви нокти. Богато е со омега-3 масни киселини кои ги хидратизираат ноктите. Токму затоа, секој ден треба да ги мачкате ноктите со маслиново масло.

БАДЕМИ И ОРЕВИ ПРОТИВ БЕЛИ ДАМКИ
Белите дамки на ноктите укажуваат на недостаток на цинк во организмот. Недостатокот на овој минерал ги прави ноктите слаби и го забавува синтетизирањето на протеините кои се задолжени за нивната цврстина. Овој недостаток може да го надоместите со храна богата со цинк, како што се бадеми, ореви, семки од сончоглед и сусам.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *