Top
Horoskopskite-znaci-i-srekjata-iLike-mk

Хороскопските знаци и среќата

Среќа е да ги препознаете вистинските можности и да ја искористите шансата. Многу нешта влијаат на среќата, а и астрологијата често влијае врз неа.

ОВЕН
Овните имаат младешки дух и знаат кога треба да “скокнат“ во студена вода и храбро да бидат први во нешта што водат до успех и среќа.

БИК
За да бидат среќни, на припадниците на овој знак им треба добра организација и можност постепено да го кројат својот пат без големи чекори. За нив на пример најголема среќа може да биде изградбата на преубав дворец од песок кој нема да го сруши ниту еден морски бран.

БЛИЗНАЦИ
За Близнаците несреќа е само ако им е здодевно, а среќа може да биде сѐ останато. Проекти, размена на идеи и посебни вештини и интерес на “големите“ за нив, ги прави среќни.

РАК
Раковите наоѓаат задоволство и среќа во спомените. Во нивното сеќавање секогаш остануваат луѓето кои им значат и кои биле дел од нивниот живот.

ЛАВ
Лавовите среќата ја наоѓаат во сјајот, гламурот и значајните моменти. Во овие нешта црпат енергија, а токму тие нешта ги прават среќни.

ДЕВИЦА
Среќни се кога знаат дека се потребни и неопходни некому. Среќни се кога им помагаат на другите луѓе, бидејќи нивна желба е да придонесат за подобар свет.

ТЕРЕЗИЈА
Терезиите својата среќа ја наоѓаат во балансот, општата хармонија и не сакаат никој да ги вознемирува. Веруваат дека секој има своја мисија која може да влијае на општата среќа или хаос.

СКОРПИЈА
Скорпиите среќата ја гледаат во победата. За нив животот претставува боречка арена и секоја ситуација во која се впуштаат е предизвик, целта им е победа со сила, вештина или љубов.

СТРЕЛЕЦ
Стрелецот се радува на мали нешта и среќата ја доживува како чиста, едноставна работа како што е насмевка на разминување, добра шега или вкусна храна. Среќа е да ги бодрат другите или другите да ги бодрат нив. Таа нивна спортска дисциплина е прилично заразна, и воопшто не е чудно што другите се чувствуваат среќно во нивно присуство.

ЈАРЕЦ
Тие својата најголема среќа наоѓаат во верноста кон другите. Многу често тие се среќни, а не се свесни за тоа. Јарците се вистински приврзаници на среќата, а кога прават некого среќен нивното срце е исполнето.

ВОДОЛИЈА
За Водолиите среќа е можноста да биде индивидуалец, односно можноста да ги прави работите на сопствен карактеристичен начин, без притисок од страна.

РИБИ
Рибите среќата ја наоѓаат во соништата и мистериите. Нивната среќа не е целосна ако нивниот живот нема поголема смисла, односно ако не можат да им помогнат на другите во неволја.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *