Top
par

Хороскопските знаци и љубомората

Љубомората е најчестата причина за караница, па дури и за прекинување на љубовна врска. Дознајте кои хороскопски знаци се најљубоморни.

ОВЕН
Овенот има јасни и точни сентиментални односи. Секогаш се чувствува сигурен во себе, а кога ќе го обземат страсти станува исклучително чувствителен. Тој многу се грижи за своите блиски, а поради оваа особина љубоморно ја чува и саканата личност.

БИК
Биковите се многу љубоморни личности. Тие се лицемерни и секогаш ќе ви го кажат само она што сакате да го слушнете. Не сакаат да бидат ничиј роб.

БЛИЗНАЦИ
На прв впечаток, тие се неутрална и рамнодушна личност, но всушност се одлични глумци. Сакаат да бидат господар на саканата личност, да управуваат со нејзината љубов, но и материјално богатство.

РАК
Овој хороскопски знак е нежно и чувствително суштество кое длабоко се врзува за својата љубов, а од партнерот бара двојно повеќе почит и разбирање. Имаат навика да прават љубоморни сцени, најчесто и без потреба, со што ја нарушуваат хармонијата во врската. Претерано ги анализираат постапките на својот партнер, а забораваат како се однесуваат самите со него.

ЛАВ
Постојано истакнуваат дека љубомората е глупост, но никогаш не се сигурни во себе и го следат партнерот, каде оди и со кого разговара. Многу се љубоморни, но го кријат тоа во себе, бидејќи не сакаат да ја нарушат сопствената гордост и достоинство.

ДЕВИЦА
Секогаш се разочарани и го обвинуваат партнерот, дури и кога тој само ќе погледне во друга личност. Тие треба да бидат малку посигурни во себе, да ја вратат својата самодоверба и да заборават на љубомората.

ТЕРЕЗИЈА
Неопходна им е заштита и сигурност и ги плаши помислата дека ќе ја загубат саканата личност. Кога се напуштени, малку време им е потребно да се вратат во форма и да најдат замена. Постојано кокетираат со љубоморни изливи.

СКОРПИЈА
Скорпијата не се срами од својата љубомора и сака да прави љубоморни сцени и тоа во јавност. Ако некој не ги познава доволно, никогаш не би рекол дека се љубоморни личности. Тие поседуваат голема самодоверба и итрина.

СТРЕЛЕЦ
Секогаш победува во љубовните конфликти, неговото мото е “Имам голема самодоверба!“ и многу добро се согласува со својот партнер. Љубовта за нив нешто многу убаво, па затоа и не патат од љубомора.

ЈАРЕЦ
Премногу е горд и затоа не покажува љубомора. Дури и кога ќе се појави благо чувство на љубомора, тоа поминува многу брзо. Јарецот се води од мислата „Ако е со мене, ќе мора да остане со мене засекогаш!“

ВОДОЛИЈА
Љубовта ја заменува со секс и многу ретко пати од љубомора. Нејзин принцип е „Секој од нас мора да има свој живот, но добро ни е и во пар“. Често се жртва на љубомора и во такви моменти не можат да разберат што е она што носи недоразбирање во љубовта.

РИБИ
Рибите се романтични луѓе кои често плачат поради невозвратена љубов. Мислат дека можат да се одмаздат, но сепак само сонуваат за тоа. Тие се мирни по природа и не знаат што се караници и љубомора.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>