Според проучувањето на знаците од Зодијакот, астролозите направиле обид да ги откријат шансите на секој од нив за успех во бизнис светот.
Овенот е роден лидер и сака да биде главен, но му недостига дипломатија. За успешен бизнис треба со луѓето и ситуациите да се справуваат тактично. Полудраг камен за зајакнување на деловната страна на Овенот е гранат.
Бикот напорно работи за постигнување на својата цел, но најчесто се потпира на конзервативни методи. За да напредуваат во бизнисот, треба да прифатат нови техники и пристапи. Полудраг камен за нив е цитринот.
Близнаците можат да убедат секого во се. Но понекогаш многу зборуваат и не можат да чуваат тајни. За успешен бизнис треба да имаат трпение и да бидат приземјени. Работата подобро ќе им оди со бисерот.
Ракот е страсен трговец и знае како да ги усреќи своите клиенти, но со текот на времето често го губи интересот. Бизнисот ќе им се вивне високо ако го одржуваат ритамот на интересот. Полудраг камен за нив е месечевиот камен.
Лавот е добар лидер, организатор и извршител. Ако ги попречи неизвесноста или загубите тие рикаат како лавови и си создаваат проблеми. За да успеат треба да научат да се грижат за туѓите идеи, предлози и да не прават ништо на сила. Нивниот камен е топазот.
Девицата е перфекционист и не толерираат површна работа. Очекува и другите да се такви. Лесно се нервираат кога ќе дојдат до препрека, па за да успеат треба да ги контролираат емоциите и темпераментот. За подобар бизнис нив им треба сафир.
Вагата има добри контакти и работи тактично, па лесно придобива инвеститори и клиенти. Но нивната неодлучност и нетрпеливост можат да ги шокираат другите. Позитивен став со одлучен пристап е клучот за нивниот успех, а помага и коралот.
Шкорпијата може да работи долго и да го издржи притисокот за да успее во бизнисот. Тие дури и претерано ја следат својата страст, што можат да бидат погрешно разбрани. Затоа работата ќе им оди подобро ако се потактични со луѓето и ситуациите. Нивни полудраг камен е кристалот на црниот кварц.
Стрелецот ги почнува проектите со голем ентузијазам, но ако веднаш не види резултати, скока на следниот проект. Нивното однесување некогаш е безобѕирно. Треба да се трудат да ја завршат едната работа пред да одат на друга. За поттик на бизнисот кај нив е аметистот.
Во бизнисот, Јарецот се движи напред, тивко и упорно. Бара позиции каде што ќе има голема контрола и авторитет, што честопати е погрешно разбрано од нивните соработници. Треба да научат да ги контролираат емоциите и однесувањето за да успеат во деловниот свет. Полудраг камен за нив е мовестиот ахат.
Ентузијаст и вреден работник, Водолијата честопати трпи голем стрес за да постигне успех во некоја работа. Под притисок и анксиозност, стануваат сериозно груби и навредливи, па за да успеат во бизнисот треба да научат да се справат со стресот и избувливоста. Кај нив бизнисот го засилува бисерот.
Последниот знак од Зодијакот, Рибите, се водени од фасцинираност и ентузијазам, па нивниот деловен потфат честопати е мешавина од имагинација, креативност и профит. Но во овој процес честопати забораваат на реалноста. За успешна работа треба подобро да планираат и да останат приземјени. Полудраг камен за нив е опалот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!