Top
Znak_koj_bi_go_dal_srceto_za_site_iLike_mk

Овој хороскопски знак би ви го дал своето срце

Кога станува збор за љубов, Овните преферираат моногамијата. Никогаш не им е доволно добиеното внимание или времето поминато насамо со своите љубени. Тие го ставаат партнерот на прво место на својата листа на приоритети, без разлика на сè, и го очекуваат истото за возврат. Ако немаат главна улога во универзумот на нивниот партнер, тогаш едноставно нема поента ни да бидат заедно.

Овните важат за едни од најнезависните хороскопски знаци, па не сакаат да бидат гушени или контролирани во врската. Тие го обожаваат вниманието (она кое го добиваат, како и она кое го даваат) и едноставно сакаат да ги споделат своите најинтимни мисли со личност на која ѝ веруваат.

Се чини дека најголемиот подарок кој можеме да го понудиме на еден Овен е активното слушање. Па за возврат, тие ќе ви го подарат своето срце и ќе ви го посветат целото внимание, но честопати играјќи улога на спасител со цел да ве освојат. Ова може да биде малку напорно и за двете страни, па треба да внимаваат да не претераат и навлезат предлабоко. Ако тоа се случи, нивниот независен дух ќе почне да се побунува и ќе настане хаос на вашата врска. Овој темперамент може да ги заслепи во дадени моменти и од фрустрација да кажат нешта што не ги мислат. Лек? Секојдневно треба да одвојуваат време за себе, да можат на раат да дишат, да се синхронизираат со сопствените мисли и да одржуваат баланс во љубовта.
Бидејќи Овните се првите и „најмладите“ знаци во зодијакот, тие се позависни од својот партнер отколку што признаваат. Кога се во врска, треба да се осигурат дека ги следат своите цели и да запомнат колку самите се силни. Тие мора постојано да ја одржуваат својата индивидуалност доколку сакаат да успеат во љубовта.

Од друга страна, Овните обожаваат да се натпреваруваат и понекогаш знаат да претеруваат со својата „мажественост“ (ова важи и за женските припадници на овој хороскопски знак). Го чуваат партнерот како ценет трофеј и неретко влегуваат во љубоморни размени со тупаници или кубење коси доколку некој се обиде да ја освои нивната „награда“.

Иако, имаат обилен апетит и зрачат со сензуалност, на крајот од денот, тие бараат од саканата личност навистина да ги разбира. Понекогаш знаат наивно да се држат за лош партнер, но не толерираат непочитување. Откако ќе сфатат што се случува, брзо преминуваат на следна љубов. Ним им е потребно да бидат најсветлата точка во очите на партнерот и не се задоволуваат со ништо помалку од тоа!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>