Top
dvojka

Хороскопски знаци на кои им е пишано да бидат заедно

Во ѕвездите е запишано овие 2 парови во хороскопот порано или подоцна да бидат заедно.

Риби и Девица
Рибите по природа се многу опуштени и како да живеат во свет без грижи. Родени се како оптимисти, а во однос на љубовта и сексот се прилично незаситни. Само некои од нив имаат морални препреки, па затоа често ќе сретнете припадник на овој знак со либерални сфаќања во врска со сексот. Од друга страна пак, Девицата е диктатор кој сака да се знае кога е време за шега и забава, а кога за сериозни работи. Проблемот е во тоа што од тоа се води и кога е во прашање сексот. Кога би била со Риби, таа добива сила и нејзините особини двојно се засилуваат, а во комбинација со овој незаситен сексуален магионичар заедно прават фатална комбинација. И двајцата ќе се опираат и ќе тврдат дека рационално го водат и контролираат својот емотивен живот, но врската помеѓу нив нема да може да се избегне и овие два знака ќе се стопат во дива страст.

Стрелец и Близнаци
Нема дилема дека овие два знака претерано се привлекуваат. Нивната компатибилност е кармичка, нивните сензибилитети и скриени желби совршено се надополнуваат едни со други.
Стрелците имаат немирни хормони, хемиски реагираат на присуството на Близнакот, влијанието на хормоните врз психата се зголемува и ја презема контролата врз овој рационален знак. Либидото, емоциите, желбата и психичката зависност од Близнаците е неминовна. Близнаците од друга страна пак, свесно ги сакаат Јарците, но самите многу не одлучуваат околу тоа. Кога станува збор за нивно спојување со Стрелец, оваа проблематика почесто ја решаваат нивните гениталии, а не нивниот мозок. Нивните интимни моменти најчесто се маратонски, а изјавите на нежност во јавност претерани, па дури и неподносливи.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *