Top
Horoskopski-znaci-rodeni-pod-srekjna-zvezda-iLike-mk

Хороскопски знаци кои се родени под среќна ѕвезда

За некои луѓе се вели дека се родени под среќна ѕвезда бидејќи сѐ што ќе посакаат и замислат, им се остварува. Атролозите ги посочуваат овие два знака како убедливо најголеми среќници во Зодијакот.

БЛИЗНАЦИ
Тие се секогаш на вистинското место во вистинското време. Зборлести се, умеат да го забавуваат целото друштво и луѓето ги обожуваат. Од секој ситуација се извлекуваат со шарм. Тие се одлични манипулатори, а со голема леснотија им се вовлекуваат на луѓето под кожа. За нив велат дека „умеат жедни преку вода да ве пренесат“. Близнаците се ведри и остроумни. Невозможно е да не ги забележите. Не поднесуваат монотонија. Имаат две различни страни на личноста и никогаш нема да знаете со која зборувате. Двата близнаци лесно се прилагодуваат на животното опкружување, поради што е пак привилегија да ги познавате и имате во Вашиот живот. Друштевни се и забавни. Тие никогаш не мируваат, па не е ни чудно што обично имаат многу хобија и интереси. Често се снаодливи и лојални, па одлично се снаоѓаат во различни сегменти од животот. Во нивно друштво никогаш нема да Ви биде здодевно! Понекогаш знаат да бидат површни и таинствени. Исто така, знаат да бидат експресивени.

СТРЕЛЕЦ
Тие се дефиниција за среќа, веселба и егзотика. Секогаш подготвени за нова авантура со блескава насмевка на лицето. Ним им се отворени сите врати и ни една препрека на патот не може да ги сопре. Планетата која владее со овој знак е Јупитер – планетата на моќта, успехот и среќата. Стрелецот е голем љубител на добрата храна, пијалак и одлична музика. Тој е вечен борец против неправдите, а пријателството претставува важен сегмент од неговиот живот. Неговиот млад дух е надополнет од убавиот надворешен изглед и спортската физичка градба. Стрелецот има отмена природа која прилега на аристократ и оттаму произлегува неговиот интерес за поблагородни спортови како што е тенисот. Иако, негува почит кон традиционалните вредности, тој понекогаш знае да биде и бунтовник и не се води слепо по општоприфатените морални начела. Благодарение на неговиот натпреварувачки дух секогаш освојува бројни награди, медали и признанија. Соработката со други луѓе не му е баш силна страна бидејќи знае да биде строг и комплициран. Понекогаш знае и да казнува ако неговите барања не се исполнети во целост. За овој хедонист по природа нема поголема казна од недостатокот на време и пари. Животните цели и желби на овој знак се навистина големи, но остварливи.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>