Top
prijateli

Хороскопски знаци кои се најдобри пријатели

Секој од нас има пријатели, но најчесто е потребно да се најдеме во неволја за да дознаеме кои ни се лојални и верни. Во Зодијакот има 3 знаци кои се вистинско богатство ако ги имате за свои пријатели.

Бик
За Биковите се вели дека се тврдоглави. Ако ја погледнете ситуацијата од друг агол ќе сфатите дека станува збор за упорност и дека нема полојален знак во Зодијакот од Бикот. Великодушен, верен и има заштитничка природа која се граничи со онаа што мајките ја имаат кон децата. Ако сакате пријател засекогаш, некој кој никогаш нема да се откаже од вас, тогаш барајте пријател роден во знакот на Бик. Нивното пријателство е буквално за цел живот.

Рак
Раковите се чувствителни, полни со разбирање и сочувствуваат. Најчесто се дружат со луѓето кои се слични на нив, нивната топлина умее да ги стопи и најтврдите срца. Емпатијата едноставно не им дозволува да остават некого на цедило, па поради тоа тие се пријатели кои први ќе ви понудат помош кога ќе се најдете во неволја, ќе организираат сѐ и ќе ви помогнат да го надминете секој проблем.

Јарец
Јарците се тврдоглав знак, имаат тесен круг на пријатели, а најдобар другар им е некој кој се покажал како одговорен и доверлив. Тие она што го бараат, од своите пријатели, им го возвраќаат двојно. Имаат многу познаници, но иако и кон нив знаат да бидат добри, тоа не може да биде длабоко пријателство. Најчесто ги негуваат старите пријателства и подготвени се на сѐ за пријателите, и во оган и во вода.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>