Top
horoskopski_znaci

Хороскопски знаци кои не можат да го заборават минатото

На некои луѓе им е лесно да погледнат назад, да се потсетат на минатото. За разлика од нив, на овие хороскопски знаци крајно тешко им е да го заборават минатото.

Скорпија
Бидејќи се таинствени, не им е лесно да се отворат пред другите, но штом ја стекнете нивната доверба, тогаш тие се целосно посветени и верни. Ако некој ги изневери, на нив им е тешко и им треба долго време тоа да го прифатат. Дури и кога простуваат, тие никогаш не забораваат.

Девица
Девиците се аналитички луѓе. Што и да се случило, без разлика колку и да било одамна, тие постојано ќе го анализираат тоа, сè додека не бидат целосно подготвени да продолжат понатаму. Нивната природа е таква што внимателно ги следат сите детали, па добро се сеќаваат на настаните од минатото и постојано размислуваат на нив.

Лав
Тие честопати покажуваат самодоверба и се чини дека се цврсти, но всушност тие се многу нежни. Тешко се справуваат со минатото кога некој ќе ги повреди, а другите често не го разбираат тоа.

Вага
Вагите главно ги чуваат емоциите во себе, па тешко им е кога сè ќе се насобере одеднаш. Тие се многу дружељубиви луѓе, па затоа, кога ќе останат сами, почнуваат да размислуваат за минатото и прават анализи што и како требале да направат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>