Top
Ljubov

Хороскопски знаци кои најмногу ги сакаат своите партнери

Огнените знаци обично се страствени, воздушните знаци се малку ветровити, а водните знаци се многу чувствителни. Но, кои се „најдобрите“, кои ќе направат сѐ за вашата љубов да биде незаборавна?

ОВЕН
Тој е незапирлив освојувач, ќе бидете негови дури и пред да разберете кој е и зошто ви се допаѓа. Овенот секогаш има идеи за одлични состаноци, подготвен е да биде романтичен додворувач, но и возбудлив партнер во трајна врска. Никогаш не му е досадно со него, но знае да бара и љубовта нема да опстане доколку давањето не е двонасочно.

РАК
Симпатичен и внимателен, тој навистина се грижи за својот партнер. Ракот е подготвен да ве изненади со мали задоволства кои и самиот ги сака, а со него ретко има дилеми во однос на вистинските чувства. Кажува и им покажува, течно ги зборува и двата важни „јазици“ на љубовта.

СКОРПИЈА
Тој може да биде мистериозен, дури и малку мрачен, но секогаш е свесен за своите грешки и подготвен да работи на себе. Затоа може со малку трпение да стане вистински партнер од соништата. Знае да се грижи како Рак, често е страствен како Овенот, а на тоа додадете и длабоко познавање на психологијата што ќе го натера да ги чита вашите желби „како книга“.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>