Кога сме вљубени, подготвени сме да ги смениме своите навики или да се откажеме од нешто поради личноста со која сме во врска. На пример, Овенот и Ракот одеднаш се живи и подготвени да преземат нешто, Близнаците и Девицата стануваат пофлексибилни, го слушаат својот партнер и ги исполнуваат неговите очекувања.
Претставниците на овие четири хороскопски знаци цврсто веруваат дека тие не треба да се менуваат себеси и дека партнерот не треба да го бара тоа од нив на кој било начин. Нивното мото е „прифати ме каков што сум“. Овие знаци залудно е да се надевате дека ќе ги промените.
Бик
Бикот точно знае што сака од партнерот и воопшто од врската. За него е исклучително важно партнерот да го прифати каков што е. Ако се обидете да го смените, напротив, може да добиете спротивен ефект. Постои исклучок од ова правило. Ако Бикот се заљуби во прилично млада возраст, тој е способен за значителни промени во карактерот и навиките. Меѓутоа, ако веќе има развиено сопствен поглед на светот и животот, тој ќе биде неподвижен како карпа. Сепак, не го отфрлајте така лесно. Овој знак е романтичен по природа. Бикот верува дека партнерите за врска се развиваат заедно како двојка. Ако се за заљубат, ќе и бидат верни на својата сакана до својата смрт.
Лав
Овој знак е создаден за љубов. За Лавот животот без љубов е како живот без сончева светлина. Тој има став „ако околината ме сака каков што сум, зошто да се сменам?“. Според него, вистинска љубов е прифаќање со сите доблести и недостатоци. Обидите да се смени не доаѓаат предвид. Бидејќи е огнен знак со „голема душа“, Лавот е подготвен многу да и простува на саканата личност и никогаш нема да побара партнерот да се откаже од некои од неговите принципи за да му угоди. Истото го бара и од другата страна.
Скорпија
Тие се чувствителни по природа и истовремено се нефлексибилни. Најважната работа за Скорпијата е да биде автентична. Да се смените себеси за партнер е како да му давате лажни комплименти. Тие се верни на самите себе и го очекуваат истото од саканата личност. Многу Скорпии претпочитаат партнер со богато животно искуство, кој е прилично свесен за нивните желби и потреби, затоа нема да бара од нив да се променат.
Водолија
Водолијата е позната по својата единственост, слободоумност и револуционерни погледи на светот. Се чини дека таквите луѓе едноставно треба да бидат отворени за промени, нели? Меѓутоа, кога станува збор за љубовта, овие карактеристики не доаѓаат до израз. Да очекувате да се смени партнерот или да побарате од него да се промени, значи дека нешто не е во ред со врската. Тој цврсто верува дека „љубовта не бара жртва“. Тие попрво би биле сами отколку со некој што се обидува да ги смени.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!