Top
neverstvo

Хороскопски знаци кои изневеруваат без проблем

Меѓу припадниците на овие хороскопски знаци има и верни, но тие се исклучоци што само го потврдуваат правилото дека овие три знаци се најголемите прељубници во Зодијакот.

Близнаци
Не го планираат неверството, но со задоволство изневеруваат. Ако се посомневаат во верноста на саканата личност, простуваат, бидејќи ни самите не се нешто подобри. На мажите родени во знакот Близнаци,неверството едноставно им се случува, а доколку се случи нивната партнерка да дознае за тоа, ја убедуваат дека не е онака како што изгледа. Близнаците не се злопамтила, живеат во сегашноста, а нивната девиза е „земи сѐ што ти пружа животот“.

Стрелец
Неверен по природа. И кога се обидува да биде верен, едноставно му доаѓаат такви ситуации и тој не може да му одолее на љубовниот предизвик. Затоа обично има барем неколку значајни врски или бракови, а ако остане во еден брак, не е верен, освен ако не се ожени во 40-тите. За разлика од жената Стрелец, која повеќе сака сурова вистина отколку најслатка лага, мажот роден во овој знак неверството на партнерката знае да го прости, бидејќи е свесен дека на некој начин и го заслужил.

Водолија
Водолијата сака да им држи лекции на другите, особено од морален тип, но и сама ги крши, бидејќи кому ќе му овозможи задоволство, ако не себеси?! Мажот Водолија сака да го бие глас на заводник во друштвото, но не забележува дека тоа ѝ пречи на партнерката. Иако е неверен, мажот Водолија инсистира на фер-игра, па затоа тешко простува, бидејќи не може да поверува дека за неговата партнерка постои некој друг кој е поинтересен од него. Бидејќи од себе ги одбива сите што му се верни, мажот Водолија обично завршува покрај жена што ќе му биде сѐ друго, само не и верна.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>