Top
zaveduvanje

Хороскопски знаци кои го оставаат спротивниот пол без здив

Припадниците на некои хороскопски знаци едноставно имаат магнетна привлечност и го освојуваат спротивниот пол без да кажат ниту еден збор. Следниве 3 знаци имаат невиден талент за флерт и сè им оди од рака кога е во прашање љубовта.

Бик
Бикот спаѓа во најголемите заводници, иако често пати самиот е несвесен за својата сензуалност. Клучен адут со кој заведува му е спонтаноста, а во креветот ја знае целата Камасутра иако никогаш ја нема разгледано. Овој знак знае како да го натера партнерот да се чувствува посебно. Припадниците на овој знак имаат природна топлина и понекогаш несвесно привлекуваат луѓе кои не ни ги гледаат како партнери. Нивните усни ги мамат сите погледи.

Близнаци
Близнаците се неверојатни шармери. Ним едноставно не може да им се одолее. Уживаат во играта на заведување и комуницирање. Обично имаат добар изглед, а нивниот адут е немирниот дух. Тие освојуваат со својот интелект и комуникација. Позитивниот став кон животот привлекува позитивни луѓе и со нив времето е секогаш пријатно исполнето. Сите сакаат да ги имаат до крајот на животот.

Скорпија
Скорпиите едноставно не можете да ги игнорирате. Имаат заводнички поглед и манири кои едноставно ве повикуваат. Овој знак има силна интуиција и во секој момент ги знае вашите потреби. Скорпиите емотивно целосно се предаваат и подготвени се да ве задоволат до максимум. Водењето љубов со нив е незаборавно и делува како вид на зависност.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>