Top
Melburn_AUS_iLike_mk

Мелбурн е најсреќниот град во свет

Истражувањето на веб-сајтот „Time Out“, во кое учествувале 15.000 луѓе од 32 светски престолнини, покажало дека Мелбурн е најсреќниот град во светот.

Овој австралиски град, според индексот за градски живот, се најде и на четвртата позиција како највозбудлив град во светот, веднаш зад Чикаго, Њујорк и Порто.

Градовите биле рангирани врз основа на оценки во седум различни категории: храна и пијалаци, култура, социјална заедница и социјални односи, соседство, достапност, среќа и одреден степен на удобност за живот.

Дури 89% од жителите на Мелбурн уживаат во животот во овој град, а 9 од 10 лица изјавиле дека биле среќни во изминатите 24 часа.

Воедно, „Economist“ го прогласил Мелбурн за најпогоден град за живеење за 2017 година, седми пат по ред.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>