Top
f'staci

Ф’стаците се природен ботокс

Ф’стаците го подобруваат кардиоваскуларното здравје и метаболизмот, го намалуваат холестеролот и го забавуваат стареењето, односно имаат многу поволно влијание врз целокупното здравје.

Ф’стаците го содржат моќниот антиоксиданс лутеин
Тој го спречува таложењето на мастите, а исто така ги спречува и воспаленијата. Со редовно консумирање од само неколку дена, ќе забележите намалување на холестеролот за 20%.

Богати се со влакна со што ја подобруваат дигестивната функција на организмот
Со само 10 ф’стаци дневно вие ќе ја обезбедите потребната дневна доза растителни влакна.

Една шолја ф’стаци содржи 60% од препорачаната дневна количина фосфор
Фосфорот ја стимулира толеранцијата на глукоза и важен е за разложување на протеините до аминокиселини.

Ф’стаците ја зголемуваат сексуалната моќ кај мажите
Тие може да ја зголемат сексуалната моќ кај мажите и до 51%, благодарение на есенцијалните масни киселини кои ги стимулираат сексуалните хормони и го зголемуваат протокот на крвта во гениталиите.

Природен ботокс
Ако се плашите од стареење, би требало да внесувате барем 5-10 ф’стаци секојдневно. Тие претставуваат природен ботокс, бидејќи во себе содржат бројни антиоксиданси.

За да го одбегнете прејадувањето, купувајте ф’стаци во лушпа и бројте го секој отворен ф’стак.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *