Top

Од каде потекнува кафето фрапе?

Ви паднало ли некогаш напамет како дошло до тоа кафето да се сервира ладно и со пена? Или уште повеќе, од кога започнува да се пие во форма на фрапе?

Навиките секаде во светот наметнуваат тоа да се консумира како топла напивка, меѓутоа ете, денес го пиеме и ладно.

Според легендата, грчкиот вид на фрапе бил измислен во 1957 година на традиционалниот меѓународен саем во Солун. Работејќи на некоја изложба, тогашниот грчки дистрибутер на Нестле производи, направил важно откритие. Тој на саемот не можел да најде топла вода за да го подготви своето кафе, па во тој момент при рака му се нашол шејкер, во него ставил инстант кафе на Нескафе со малку студена вода и енергично ја протресол чашата. На сметка на големиот продор на пена од чашата, тој за прв пат го пронашол кафето со пенлива фантазија препознатлива за Грција. Каде, кога и како оваа напивка го добива своето име е неизвесно. Набргу по неговиот пронајдок, оваа форма на пенливо кафе било промовирано од страна на Нестле во центарот Zappeion во Атина.

Меѓутоа, во брошурата којашто компанијата Нестле тогаш ја делела, кафето било со малку поинаков рецепт. Овој рецепт имено содржел и лажица сладолед од ванила, по формула на француското кафе “фрапе”. Но, од 1963 година сладоледот веќе не бил дел од фрапето на Нестле. Следната реклама на Нестле за фрапе гласи: “Сé што треба да направите е во шејкер да ставите Нескафе, шеќер и ладна вода“.

Така, повеќе од 50 години консумацијата на фрапе станува неодминлив тренд. Имено, во последниве години се докажа дека и Македонците не заостануваат од оваа светски популарна навика. Според последните анкети направени од компанијата Нестле, фрапето во најголем процент се консумира во лето, и тоа со пена, млеко и шеќер, а секако – повторно се докажа дека Македонците го сакаат во друштво – во кафулињата, дома со семејството или со пријателите.



А се сеќавате ли на првиот Ајс Бар караван? Во период од 10 дена беа направени 11.300 кафиња “фрапе”. Ете колку Македонците се љубители на кафе.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>