Top
Египетски хороскоп

Египетски хороскоп

Древните египјани биле првите кои верувале дека поставеноста на ѕвездите влијае врз расположението, здравјето и судбината на луѓето. Според датумот на раѓање, проверете кој знак сте во египетскиот хороскоп и прочитајте си ги главните карактеристики.

АМОН (од 1-ви јануари до 2-ри февруари)
Старите египјани верувале дека Амон е богот на пророците. Родените во овој знак брзо се заљубуваат и ја пронаоѓаат љубовта на нивниот живот. Тие се упорни, но не се наметливи. На прв поглед можеби изгледаат ладно, но тие се многу емотивни и нежни кон другите. Најмногу од сè ги боли неверство бидејќи се многу посветени на партнерот. Тие се добри пријатели и љубовници.

СЕБЕК (од 3-ти февруари до 4-ти март)
Себек е бог на реката Нил, а токму таа била извор на живот за Египет. Припадниците на овој знак многу ја ценат уметноста и повеќето од нив се уметнички талентирани. Сепак, би требало да внимаваат бидејќи можат да бидат засенети од туѓата убавина, што често ги наведува на погрешен пат. Родените во овој знак не знаат да чуваат тајни, па поради тоа често прекинуваат пријателства.

ОЗИРИС (од 5-ти март до 9-ти април)
Озирис во стариот Египет бил бог на плодноста и растот. Припадниците на овој знак се многу сензуални, но и романтични. Својот партнер постојано го изненадуваат со мали и слатки поклони. Полни се со разбирање за другите и им помагаат на своите пријатели ако се најдат во неволја.

ПТАХ (од 10-ти април до 2-ри мај)
Птах бил бог на вистината. Припадниците на овој знак се искрени, отворени и по малку наивни. Тие се импулсивни, скромни и нетрпеливи. Поради својата искреност често на другите им кажуваат што мислат без обзир на последиците. Исто се однесуваат и во љубовта, а баш таа особина на неконтролирано изразување може да ги чини неколку пријателства.

ХОРУС (од 3-ти мај до 16-ти јуни)
Хорус бил бог на животот. Припадниците на овој знак често се склони кон авантури и склопуваат нови познанства. Непознатите земји и краеви многу ги привлекуваат, па за нив патувањата на егзотични места не се ништо необично. Сакаат да уживаат во природата и во благодетите на животот.

НЕФТИС (од 17-ти јуни до 21-ви јули)
Нефтис била божица на љубовта, поради што и овој знак се смета дека е најромантичен. Припадниците на овој знак се многу сензуални, страствени и емотивни, поради што многу внимателно го одбираат партнерот. Од партнерот очекуваат многу, а за возврат враќаат со иста мера. Трпеливи се и сакаат да ги сослушаат туѓите проблеми, но даваат и корисни совети, кои ги прави одлични пријатели.

СЕТ (од 22-ри јули до 18-ти август)
Сет бил бог на молњата и олујата, па поради тоа припадниците на овој знак се многу темпераментни. Не се предаваат лесно и брзо се прилагодуваат на секоја ситуација. Исто така, тие се многу љубопитни и секогаш сакаат да испробаат нешто ново и интересно. Припадниците на овој знак се самостојни и сакаат сè да направат сами.

АНУБИС (од 19-ти август до 21-ви септември)
Анубис бил бог заштитник. Родените во овој знак се многу чесни и одговорни. Посебно се самоуверени и тврдоглави, па ретко слушаат туѓи совети. Многу се емотивни и романтични и имаат високи очекувања од љубовта, а се и интелегентни, љубезни и дискретни.

РА (од 22-ри септември до 15-ти октомври)
Ра бил бог на Сонцето. Родените во овој знак се полни со внимание и љубов за другите. Тие се рационални и секогаш размислуваат по неколку пати пред да направат нешто. Припадниците на овој знак сакаат романтика и се многу верни, а маана им е несигурноста поради која често пропуштаат добри прилики.

ИЗИДА (од 16-ти октомври до 9-ти ноември)
Изида е божица на чудата. Се смета дека родените под нејзина заштита имаат посебни моќи. Ги краси и неодолива насмевка која освојува сè околу себе. Меѓутоа, за нив не постои забрането овошје и нема да сопрат сè додека не го добијат тоа што го сакаат. Тие се многу добри пријатели бидејќи знаат да ги слушаат другите и да поделат некој добар совет.

ТОТ (10-ти ноември до 3-ти декември)
Тот во стариот Египет бил познат како бог на светлината, мудроста и магијата, па припадниците на овој знак се многу прецизни и точни бидејќи поседуваат големи организациски способности. Родените во овој знак се сестрани и ги интересираат сите гранки на науката. Во љубовта секогаш сакаат да имаат некој самоуверен покрај себе, на кого ќе можат секогаш да се потпрат.

ХАТОР (од 4-ти декември до 31-ви декември)
Хатор била божица на музиката и уметноста, па родените во овој знак често се ценети музичари и уметници. Тие се шармантни, креативни, имаат голема фантазија и работат со многу љубов. Потребен им е партнер кој ќе ги разбере и почитува.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>