Top
zavodnicki

Едноставна техника на заведување која секогаш пали кај мажите

Ако мислите дека најуспешната техника на заведување е црното мини здолниште, грешите. Дами, вие имате многу силно „оружје“ на кое не може да одолее ниту еден маж.

Истражување спроведено на примерок на жени и мажи потврдило дека бојата на гласот и начинот на зборување e најсилното нешто на кое мажите „паѓаат“ како од шега. Имено, истражувачите барале од кандидатите со нормална боја на гласот да избројат од 1-10. Потоа истото требало да го повторат со малку поинаква боја, односно онаква боја на гласот која звучи секси и заводнички.

Резултатите биле навистина интересни:
– Жените воопшто не реагирале на обидот на мажите да звучат секси
– Мажите за заводливиот женски глас велат дека е неверојатно секси

Научницие велат дека кога жените сакаат да звучат секси, гласот го прават малку подлабок, зборуваат побавно и потивко, што мажите ги привлекува многу повеќе отколку зборувањето со нормална боја на гласот. Зборувајте нешто секси со заводничка боја и ВАШ Е!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *