Веројатно сите знаете дека шеќерот не е здрав, исто како и алкохолот и дека треба да ги избегнувате. Но, зошто? Што се случува во организмот кога само еден месец ќе се откажете од овие пороци?
Саша Харланд (22) од Холандија направил еден експеримент и го документирал со камера. Имено, тој одлучил еден месец да се откаже од шеќер и алкохол.
Еве како течел неговиот експеримент и што се случило после тоа.
Како што тој објаснува првите денови му биле многу тешки. Постојано се чувствувал гладен, летаргичен и имал потреба од шеќери. Посебно затоа што постојано бил опколен од храна која го мамела да ја проба.
Сепак, кон крајот на месецот тој започнал да се чувстува многу поенергично и посреќно.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!