Top
cistenje

Дома е постресно отколку на работа

Дома е постресно отколку на работа, а тоа особено важи доколку сте жена. И мажите и жените чувствуваат помалку стрес на работа отколку дома, но ефектот е поизразен кај понежниот пол.
Новата студија спроведена од американското Penn State покажува дека за многу луѓе постресно е присуството во нивниот дом отколку на работното место. Во истражувањето било мерено нивото на хормонот кортизол, од машки и женски примероци, а истото било истражувано дома и на работа при што се појавила голема разлика во нивото на овие две места. Мерењата биле правени во работни денови и за викенд, а потоа испитаниците пополнувале прашалник како се чувствуваат.
Иако мажите се изложени на помалку стрес на работа, истражувачите заклучиле дека тој ефект е посилен кај жената, бидејќи работата за многу од нив претставува одмор од домашните обврски. И мажите денес работат домашни активности повеќе отколку порано, но жените и понатаму ја извршуваат поголемата работа, а и самото размислување им предизвикува стрес.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>