Top
Каква секси долна облека сакаат хороскопските знаци?

Каква секси долна облека сакаат хороскопските знаци?

Овенот сака црн сатен, близнаците бели униформи, лавот преферира долна облека со животински принтови, а пак водолиите футуристички и сјајни материјали. Прочитајте каква долна облека сакаат хороскопските знаци. Ова ќе ви помогне при купување провокативна облека за вашиот партнер.

ОВЕН
Oвните сакаат долна облека во разни бои, а особено во црвена и портокалова. Ако сакате да заведете Oвен, одлучете се за комбинација од портокалов и црн сатен или свила. Обожаваат и беби дол. Овновите без причина ќе паднат и на подвезици и чорапи.

БИК
Биковите сакаат сè што е предизвикувачко или детинесто. Одат во крајности. Розова и црна се нивните омилени бои на долна облека. Жените родени во овoј знак обожаваат високи кожни потпетици и мрежести чорапи. Машките припадници на овој знак ги привлекуваат жени со тетоважи и пирсови. Некои бикови се склони кон врзување лисици, јажиња и користење камшици.

БЛИЗНАЦИ
Близнаците имаат прилично перверзна страна во себе. Уживаат во секси униформи како медицински сестри, учителки или полицајки. Жените во знакот на Близнаци сакаат кимоно или кожно трико.

РАК
Жените родени во знакот на Рак сакаат долги проѕирни ноќници прекриени со светликави елементи. Омилени бои за долна облека им се зелена и црвена, а го обожаваат сатенот. Некои од Раковите сакаат бела долна облека.

ЛАВ
Лавиците сакаат долна облека со тигрести и леопардови шари. Исто така, сакаат и малку крзно на својата кожа. Секој секси костим кој на себе има опаш или уши, на лавиците им е привлечен и секси. Сакаат свила, сатен, машнички, но и модели кои се пародија на педесетите и шеесетите години.

ДЕВИЦА
Жената родена во знакот на Девица е прилично скромна и преферира практична долна облека. Ако се подготвува за некоја секси акција ќе одбере корсет, а се чувствува заводливо во чорапи со подвезици.

ВАГА
Со Вагите владее божицата Венера, па жените во овој знак секогаш ја бираат најлудата и најсекси долна облека која ќе ја најдат. Розова, жолта и сина им се омилени бои на Вагите, но сакаат да носат и златна долна облека, како и мрежести чорапи и проѕирна облека.

СКОРПИЈА
Скорпиите се секси по природа и сакаат кожа. Омилена боја им е црната. Паѓаат на фетиш опрема, како што се опрема за врзување со синџири и лисици, а сакаат и високи чизми.

СТРЕЛЕЦ
Жените Стрелци ја обожаваат сензуалноста на корсетите и сексипилот кој го даваат долгите ракавици, како и чизми и долна облека со многу копчиња. Сакаат плишани ткаенини, а виолетова, црвена и зелена им се омилени бои.

ЈАРЕЦ
Јарецот е многу чувствителен знак и смета дека памукот е многу сензуален и секси. Квалитетна ноќница е секси за нив, дури и ако е закопчана до врат. Ги возбудуваат и парчиња облека со многу светликави елементи. Многу жени родени во овој знак сакаат да носат мрежести чорапи и танга и сатенски градници. Преферираат долна облека во розова, сина и жолта боја.

ВОДОЛИЈА
Овој визионерски знак сака многу тесна долна облека од футуристички и сјајни материјали. Светло црвена и темно виолетова се нивни омилени бои, а пердуви, маски, свилени марами и шалови им се омилени додатоци. Многу ги возбудуваат викторијански кожни чизми и и женствени ракавици.

РИБИ
Рибите не се живи и сексуалнио, но многу сакаат убави ноќници со рози или сини ленти, како и ноќници од ликра со цветни принтови. Обожаваат високи потпетици. На мажите Риби ќе им се допадне жена која носи боксерки или преголема машка маица за спиење. Ги возбудува изгледот на невина студентка, но не можат да одолеат ни на секси долна облека.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>