Top
prednosti

Добрата страна на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак си има свои добри страни.

Овен
Станува збор за доминантни личности, кои знаат како и во љубовта така и во бизнисот да изгледаат строго, но модерно. Во љубовните односи омекнете и повеќе ќе уживате.

Бик
Вие сте создадени за љубов. Умеете да уживате, свесни сте дека сте моќни со допири. Долната облека ви е секогаш приоритет.

Близнаци
Мозокот е вашата најголема слабост. Во таа смисла, овој дел од телото и најмногу ве привлекува кај партнерот. Слатките шепотења на уво може да ве излудат.

Рак
Многу време поминувате да создадете сигурен дом, во кој планирате да живеете со партнерот среќно до крајот на животот. Емоционалната сфера ви е на прво место.

Лав
Сака да е во центарот на вниманието па затоа ужива во луксуз. Може да биде многу дарежлив за да ги искаже своите чувства.

Девица
Романсата во вашиот живот се развива како заплет во стар филм. Сакате класично додворување. Вашата љубов е племенита невина и чиста такво нешто ретко се гледа денес.

Вага
Секоја врска ја гледаат како брак па вложуваат многу напор за партнерот да биде среќен. Умеете да го направите секој среќен.

Скорпија
Вие ја применувате формулата се или ништо. Пред да се одлучите конечно да бидете со некоја личност важно ви е тој да биде ваш истомисленик.

Стрелец
Клучниот збор во вашиот живот е слобода, дух, акција…Вашиот партнер треба совршено да го разбира тоа. Во исто време потребен ви е некој кој заедно со вас ќе биде подготвен за авантура.

Јарец
Многу време им посветувате на плановите за иднината. Вашите амбиции ви наложуваат по секоја цена да ја преземете водечката позиција.

Водолија
Односот со партнерот им се базира на пријателство и на заеднички интереси. Кога ќе се заљубат секогаш сакаат да задржат и доза слобода.

Риби
Познати се по својот чуден пристап на живот. Може да сакаат без граница. Посветуваат многу повеќе внимание на духовната блискост отколку на метеријалното.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *