Девојките со тек на време сè повеќе личат на своите мајки. Веројатно изреката “Гледај мајка, бирај ќерка!” конечно ја доби својата тежина. Британските научници неодамна истражуваа и открија дека секоја девојка со тек на време е “плукната” на својата мајка, почнувајќи од 20-тата година.
Раѓањето на првото дете е клучната промена во животот, по која ќерките ги добиваат навиките од своите мајки. Повеќе од пола испитанички признале дека караниците со нивните мајки престанале по 30-тата година, точно на 31 година. Останати показатели кои укажуваат на сличноста помеѓу мајка и ќерка се истиот избор на ТВ серии, хоби, изреки и сличен вкус кога се работи за одбирање на партнер.
Истражувањето е спроведено во соработка со 1.000 жени, од кои 52% признале дека после 30-тата година се претвориле во нивните мајки. Двојно помал процент смета дека таква промена се случила по 35-тата година, 10% прифатиле однесување околу 40-тата, додека 5% тешко признале дека во 20-тите години почнале да личат на своите мајки.
Повеќето од овие девојки и жени, дури 51%, признале дека мајките им се најголем пример, а после нив следувале сестрите, бабите и на крајот најдобрите пријателки.
Автор: Ивана Витановска
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!